Категории

СРЕЌЕН НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 28 ДЕКЕМВРИ ДО 1 ЈАНУАРИ 2020/2021

ОВЕН
На повидок се нови деловни обврски кои бараат додатно да се ангажирате или нови дилеми кои ќе морате да ги решавате доста експедитивно и во најкраток рок. Побарајте навреме нечиј совет при финансиските проценки и вложувања. Имате впечаток дека партнерот нешто прикрива што додатно влијае на вашата несигурност или ја зголемува вашата нервоза.

БИК
Потребно е да осмислите добар план и да останете доследни во секоја фаза на спроведување, посебно кога се наоѓате пред соработниците кои ве оспоруваат. После долго деловно убедување, ситуацијата ќе се промени во ваша корист но ќе морате да останете упорни и доследни. Преплавени сте со ралзични мисли и емоции, така да внимателно одмерувајте ги добрите прилики во кои ќе можете да ги изразите своите разновидни желби.

БЛИЗНАЦИ
Делувате доста амбициозно пред својата околина и на сите јасно им давате до знаење дека не сакате никој да ви се спротивставува по било која основа. Внимателно проценете ја ситуацијата која бара од вас некој вид на риизк или поголемо вложување на пари. Неопходна ви е семејна хармонија и нечие присуство за да остварите психичка рамнотежа и прилив на креативна енергија. партнерот ви ја поттикнува позитива и изливот на емоции.

РАК
Јасно ви е дека околината од вас очекува непрекинато да се истакнувате со посебни резултати и секогаш да оставате некој величенствен впечаток. Моментално постојат некои комплицирани односи со кои ќе морате да се соочите без одмор и одложување. Посебно ви годи семејната хармонија и нечие присуство затоа што на таков начин можете да остварите подобра психолошка рамнотежа. Се грижите за да ја усреќите саканата личност и подготвени сте за секој вид на љубовен предизвик.

ЛАВ
Делувате како личност која нема време за некои површни средби или за случувања кои не се вклопуваат во вашата сфера на интереси. Подобро е да се однесувате што поумерено затоа што со своето енергично однесување кај некои соработници ќе поттикнете различни реакции и негодување. Се грижите за своето семејство и саканата личност да им дадете повеќе радост во заедничкиот живот.

ДЕВИЦА
Активно учествувате во различни преговори и покренувате иницијатива кога и да постојат добри услови за некој вид успех или добивка. Не обрнувате многу внимание на нечии коментари, особено кога не се во согласност со вашето основно определување. Љубовниот партнер на вас делува доста инспиративно и ве наведува на слободно изразување.

ВАГА
Потребно е да се растеретите од дополнителни обврски, но немате доволно енергија за да се ангажирате на сите страни истовремено. Во достоинствен стил и без вишок прашања прифаќате корисни сигестии или критики кои ви ги упатуваат блиските соработници. Сакате да вопоставите подобра контрола над новите случувања во љубовниот живот, меѓутоа ништо значајно не можете да направите без претходен договор со својот партнер.

ШКОРПИЈА
Сте прифатиле премногу обврски кои полека почнуваат да ве замараат и сега барате инстант решение за да можете да се посветите на вашите омилени теми. Ако се грижите да го сочувате својот добар углед или влијание кое го имате, здружете ги интересите со верни соработници. Искуството ве опоменува да направите емотивна дистанца во однос на некои сомнителни личности или ситуации. Потпрете се на својата интуиција.

СТРЕЛЕЦ
Имате добро претчувство и успехот ви се наоѓа на дофат на раката. Најмногу ќе ве израдува финансиското подобрување и подобриот материјален стандард. Не само што ќе имате добра деловна проценка, туку и ќе добивате нов број на следбеници. Ќе ви биде многу подобро од другите. Чувствувате дека се наоѓате на емотивна раскрница и сакате да прифаќате нови предизвици. Љубовните случувања имаат необична магија и ве исполнуваат со позитивно расположение.

ЈАРЕЦ
Потрудете се успешно да ги спроведете сите свои идеи и планови во дело. Важно е покрај себе да имате личност од доверба и со тоа проверени соработници за кои ве врзуваат заеднички интереси. Во љубовниот однос немојте залудно да се обидувате да го промените однесувањето на партнерот или да го менувате текот на нештата кои не зависат од вашата волја.

ВОДОЛИЈА
Сите корисни информации можат да ви го олеснат успешното решавање на некои деловни прашања кои ги имате. Обрнете внимание на сугестиите кои ви ги дава една искусна личност, нема причина да отфрлувате некои идеи само затоа што звучат премногу апстрактно. Ако се грижите да го промените и подобрите својот однос со саканата личност, тогаш покажете поголемо разбирање за критериумите кои ги користи другата страна.

РИБИ
Совесно го исполнувате вашиот дел од обврските и ажурно делувате при исполнувањето на разни договори кои ги имате со соработниците. Реално ги засновувате вашите одлуки и нема причина некој да влијае на вашата професионална несигурност. Во односот со партнерот нема потреба упорно да ги повторувате ситуациите кои не го донесуваат посакуваниот ефект.

Прегледи:
1819
Објавено на:
27.12.2020