Категории

СРЕЌЕН НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 30 НОЕМВРИ ДО 5 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Размислувате за вашите принципи и сфаќате дека правите некои грешки. Сметате дека ги спуштате вашите стандарди и тоа не ве води никаде, немојте да дозволувате никој да ве разубедува дека тоа е правилно. Треба да посветите поголемо внимание во исполнување на вашите цели.

БИК
Вашата позитивна и среќна природа ви ги отвара сите врати. Вие сте вистински тимски играч и знаете како да ги шармирате другите. Вашето мислење е ценето и другите се огледуваат на вас. Продолжете напред вие сте на вистинскиот пат.

БЛИЗНАЦИ
Вашите емоции го одредуваат вашето здравје. Обидете се престанете да се грижите, стресот не ви годи. Во љубовните врски сте посветени и го очекувате истото од партнерот, можеби треба да зборувате отворено за вашите чувства и да споделите што посакувате.

РАК
Вашата интуиција е на врвот. Треба да умеете да ги препознавате сигналите и да знаете да ги читате туѓите чувства. Наредниот период можеби ќе носите „розови очила“ и нема да сакате да ја согледате вистината кога се во прашање вашите чувства.

ЛАВ
Оваа недела ќе ви започне стресно но при крајот ќе можете да здивнете. Ќе успеете да ги завршите сите обврски навреме а тоа ќе ви донесе позитивни резултати во иднина, немојте да се грижите, имате се под контрола. Вашето семејство ви ја пружи потребната поддршка, бидете им благодарни.

ДЕВИЦА
Ќе направите цврст сојуз со некој моќен партнер, тоа ќе ви помогне да напредувате. Ќе нема да можете да одолеете на нечиј шарм, можеби наскоро ќе ве очекува жешки љубовни мигови. Ќе пронајдете инспирација и извор на среќа.

ВАГА
Ќе сакате да правите компромиси кога е во прашање љубовниот живот, во овој период нема да ви годат расправии и кавги со партнерот. Одржувајте ја дипломатијата која ја поседувате, на тој начин секогаш ќе успевате да го добивате она кое го посакувате.

ШКОРПИЈА
Венера ќе ве направи самоуверени и ќе зрачите со убавина и неодолив шарм. Очекувајте многу љубовни понуди. Се обидувате да освоите нечие внимание и успешно оставате добар воечаток. Очекувајте добивка која ќе ве усреќи.

СТРЕЛЕЦ
Страствена енергија ве води кон остварување на вашите цели. Полни сте со енергија и правите напредок. Се однесувате одбранбено кон вашите сакани. Нешто кое не ви било јасно ќе се расчисти и пред вас ќе се отвори нов пат. Очекувајте некоја понуда.

ЈАРЕЦ
Ќе имате чувство дека сакате да побегнете и ќе барате нешто кое ќе ви го одвлече вниманието. Можеби ќе сакате да патувате некаде или да го промените местото на живеење. Размислувате за празничните забави.

ВОДОЛИЈА
Вашиот позитивен став ќе ви отвори многу нови врати на успехот и среќата. Вашите зборови се ваша моќ. Исполнете го вашето време со нешта кои ви придонесуваат страст и задоволство.

РИБИ
Јасно ги искажувате нештата кои ви се допаѓаат и не ви се допаѓаат, тоа може да ги иритира другите. Можно е да му простувате на партнерот нешта кои не би требало толку лесно да ги надминете, обидете се да направите разговор и комрпомис. Ќе морате да донесете одлука против вашата желба.

Прегледи:
2176
Објавено на:
28.11.2020