Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП (06-07 АПРИЛ, 2019)

Овенот е заљубен, Бикот е осамен, Близнаците флертуваат, Ракот се двоуми, Лавот е незадоволен, Скорпијата има тежок викенд.

ОВЕН

Не би требало да имате било какви проблеми на работното место. Сѐ што ве мачеше успеавте да решите. Многу сте заљубени и пред вас е поволен период за почеток на нова врска. Имате многу позитивна енергија во себе.

БИК

Можно е во текот на викендот да доживеете компликации на работното поле, па затоа е важно навреме да се подготвите. Вашата осаменост полека почнува да ви пречи и подготвени сте полека да се активирате за нови познанства. Здравјето е чувствително.

БЛИЗНАЦИ

Склони сте кон правење помали грешки на професионално поле. Потрудете се навреме да ги воочите. Можен е флерт со личност со која ќе остварите паралелна врска. Пад на имунитет.

РАК

Во наредниот период ве очекува многу добра работна понуда која треба максимално да ја искористите за да може да напредувате. Се двоумите помеѓу две личности кои сакаат да ви се приближат. Проблеми со грлото.

ЛАВ

Имате впечаток дека на работното место владее тензија и поради тоа сте прилично незадоволни. Не ви се допаѓа љубомората на партнерот која секој ден ја покажува сѐ повеќе. Генерално се чувствувате добро. Здравјето е стабилно.

ДЕВИЦА

Викендот за вас е поволен за одмор, надвор од работната атмосфера. Потребна ви е воздишка. Имате малку поголеми очекувања од личноста која ви се допаѓа, можно е да ја идеализирате. Нервна напнатост.

ВАГА

Доколку сте планирале соработка со личност од странство ова е поволен период да ја остварите. Може да очекувате поволен викенд за љубов. Ако сте слободни следува ново познанство за вас.

СКОРПИЈА

Ве очекува малку потежок ден, ќе имате повеќе обврски отколку што планирате и генерално ќе бидете прилично оптеретени. Партнерот отворено ќе ви покаже што ви замерува, па вашиот однос може да биде во мала криза. Потребен ви е одмор.

СТРЕЛЕЦ

Препорака во текот на викендот за вас е да се релаксирате и да не се оптеретувате. Ќе успеете да остварите подобар однос со личноста која ви се допаѓа. Не би требало да имате проблеми.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате работни промени од понеделник во кои одлично ќе се снајдете. Дистанцата помеѓу вас и партнерот може да доведе до размислување за прекинување на врската. Можни се проблеми со грбот.

ВОДОЛИЈА

Не е поволен викенд за патување. Генерално потрудете се на работно поле да не влегувате во ризици. Ви се допаѓа личност која крие нешто од вас. Водете сметка во врска со тоа за да не бидете излажани. Проблеми со циркулацијата.

РИБИ

Вложувате голем напор за да остварите добри резултати на работно поле, но засега тоа не ви оди од рака. Несигурни сте во односот кој го имате со саканата личност па поради тоа ќе бидете љубоморни. Генерално солидно здравје.