Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП (22-23 ЈУНИ 2019 ГОДИНА)

Лавот дава сѐ од себе, Шкорпијата пати од главоболка, Ракот конечно ужива на работа, Вагата се чувствува добро.

ОВЕН

Не сте подготвени да го дадете својот максимум кога станува збор за работата и некои обврски тешко ви паѓаат. Доколку сте слободни пред вас е период во кој ќе запознаете нова личност за врска. Зголемете го внесувањето на витамини.

БИК

Успешни сте и задоволни со сѐ она што го постигнавте. Вашите амбиции се сега високо поставени. Ви недостасува блискоста која ја имавте со саканата личност и понатаму сонувате да се смирите. Генерално добро здравје.

БЛИЗНАЦИ

Некои грешки кои ги направивте на работното место треба да ги поправите ако сакате претпоставените да имаат подобро мислење за вас. Саканата личност не ви покажува доволно внимание и затоа не се чувствувате добро. Посетете доктор поради контрола.

РАК

Некогаш имате впечаток дека залудно се вложувате во својата работа. Сѐ ќе ви се исплати кога најмалку ќе очекувате. Односот помеѓу вас и саканата личност не е најдобар. Меѓу вас постојат лоши вибрации. Помали проблеми со стомакот.

ЛАВ

Иако имате многу обврски пред себе, подготвени сте да дадете сѐ од себе да направите добра организација. Партнерот покажува дека сака да биде со вас, но истовремено не е подготвен да се откаже од слободата. Кашлица.

ДЕВИЦА

Пред вас е можност да им се посветите на своите обврски. Може да очекувате дека ќе бидете успешни денес. Посакувате средба со личноста која ви се допаѓа. Може да се надевате на подобрување на вашиот однос. Внимавајте на своите хормони.

ВАГА

Упорни сте и подготвени да дадете сѐ од себе за да ги остварите посакуваните цели. Добро се чувствувате кога ќе го видите својот успех. Со саканата личност успеавте да остварите стабилен и добар однос, па многу сте задоволни. Внимавајте на својата исхрана.

ШКОРПИЈА

Ова не е поволен викенд на работно поле, па може да очекувате ситни компликации. Разочарувањето кое ви претстои ќе го промени вашиот поглед на љубовно поле и на вашата иднина. Можна е главоболка.

СТРЕЛЕЦ

На работно поле имате прилично нестабилна ситуација и полека гледате дека доаѓа време за промени. Кавгите со саканата личност од ден на ден стануваат сѐ пострашни. Можен е пад на енергија.

ЈАРЕЦ

Не очекувајте дека ќе успеете да ги остварите сите свои планови. Бидете задоволни и со малите победи овој викенд. Доколку сте слободни пред вас е многу добар период за флерт и ново познанство. Склони сте кон воспаленија.

ВОДОЛИЈА

Вредни сте и посветени на својата работа. Многу ви е важно да ги остварите сите цели на работно поле. Со саканата личност имате променлив однос и честопати ни сами не сте сигурни на што сте. Се чувствувате сосема добро.

РИБИ

Пред вас е неповолен период во кој може да дојде до поголеми компликации. Водете сметка да не направите големи грешки. Ве очекува познанство со личност која може да ви ги покаже своите емоции. Избегнувајте цигари.