Близнаците треба да внимаваат кому веруваат, Рибите лесно се впуштаат во флерт.
ОВЕН
Не сте премногу сконцентрирани на работата. Може да направите помали грешки и пропусти, затоа водете сметка. Препуштете дел од обврските на другите, во кои имате доверба. Може да влезете во врска со личност која не е за вас. Ќе го сфатите тоа многу брзо. Повеќе одмарајте.
БИК
Бидете рационални и држете до своите принципи. Нема да погрешите. Сега не е време за крупни одлуки. Важен разговор ве очекува со саканата личност. Некои дилеми ќе се разрешат. Можен е зголемен апетит. Сепак, водете сметка бидејќи вишокот килограми веднаш ќе биде забележан.
БЛИЗНАЦИ
Не влегувајте во ризични бизниси и не им верувајте на луѓето кои не ги познавате доволно. Особено не им ги изнесувајте вашите планови. Поради финансиски проблеми не сте расположени за нова врска. Тоа ви е сега приоритет. Пад на расположението.
РАК
Може да потпишете некој важен договор за подобрување на финансиската состојба. Ќе бидете задоволни со резултатите. Емотивно сте многу задоволни и исполнети. Ќе ви се пружи шанса за авантура која не се препорачува. Немате поголеми проблеми со здравјето. Релаксирајте се во некој спа центар.
ЛАВ
Водете сметка за комуникацијата со надредените. Можни се кавги и препирки. Не претерувајте со своите барања. На емотивно поле не покажувате преголем интерес за промени. Можен е пад на енергија.
ДЕВИЦА
Може да очекувате нови можности за заработка и проширување на работата. Се наоѓате во многу добар период. Дистанцирани сте од саканата личност само поради работата, кја бара многу енергија и трпение. Водете сметка за редовна исхрана.
ВАГА
Загрижение сте за финансиите, воедно склони сте кон претерано трошење. Важно е да ги менувате навиките. Бидете внимателни со парите и никак0 не се задолжувајте. Ви недостасува чувство на слобода и време да се посветите на себе. Проблеми со урогениталниот тракт.
ШКОРПИЈА
Може да очекувате да ви бидат исплатени парите што ги чекавте долго време. Тоа моментално ќе ви ја подобри финансиската ситуација. Саканата личност ви покажува максимум внимание и нежности. Ви годи секој знак на приврзаност. Можни се алергиски реакции.
СТРЕЛЕЦ
Имате многу работа, но успевате да излезете на крај со сите обврски. Имате добра организација. Аспектите кои ги имате укажуваат на тоа дека ви е потребна промена во љубовта. Долго време не сте задоволни во врската. Проверете крвна слика.
ЈАРЕЦ
Поволен викенд за сите оние кои се во потрага за ново работно место. Ќе запознаете многу интересна личност на некои јавно место во весело и опуштено опкружување. Солидно здравје.
ВОДОЛИЈА
Не сте доволно сконцентрирани на клучните прашања, почекајте некој друг ден. Постои несклад помеѓу вас и саканата личност, кој трае веќе долго време. Размислувајте за иднината. Проблем со нискиот притисок. Консултирајте се со кардиолог.
РИБИ
Доколку планирате некое пократко патување, денешниот ден ќе ви биде многу поволен. Бидејќи е викенд, ќе се задржите пократко. Лесно се впуштате во незадолжителен флерт, но не сте заинтересирани за повеќе од тоа. Потребна ви е рекреација.