Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 14-15 МАРТ 2020 ГОДИНА

Овенот ќе има мирен викенд, Лавот го чека интересна љубовна средба, Шкорпијата има можност за напредок, Рибите чекаат промени и нови случувања.

ОВЕН

Поголеми проблеми на работа нема да имате. Може да очекувате сосема мирен и опуштен викенд. Пред вас се љубовни промени во кои ќе уживате. Саканата личност ви е максимално посветена. Многу сте чувствителни викендов.

БИК

Не ви е лесно да излезете на крај со сите деловни проблеми, потребна ви е нечија помош. Не сте отворени кон саканата личност и таа го забележува тоа. Може да очекувате некои несогласувања во врската. Несоница.

БЛИЗНАЦИ

Можно е во претходниот период да сте имале доста деловни проблеми, но сега стапува фаза на олеснување. Полето на флертот ви е добро поставено и може да очекувате дека ќе бидете задоволни. Зголемете го внесувањето на магнезиум.

РАК

Ве очекува можност да ги покажете своите амбиции. Ќе успеете да ги остварите зацртаните цели. Може да очекувате интересно познанство со личност која ќе покаже интересирање кон вас. Потребна ви е масажа.

ЛАВ

Доколку се занимавате со работа поврзана со комуникации можно е да успеете да постигнете значителен успех. Може да очекувате интересна средба со личност која ја познавате веќе некое време. Потребна ви е прошетка.

ДЕВИЦА

Ве очекува поволен период за остварување на деловно напредување. Судбината е на ваша страна и ако се бавите со приватен бизнис. Пред вас е одличен ден за ново познанство кое може да биде значајно. Здравјето е во ред.

ВАГА

Може да очекувате разрешување кога станува збор за работата. Ќе имате многу среќа на овој план. Ве очекува интересно познанство во кое ќе уживате. Можно е да станува збор за авантура. Стабилна состојба на полето на здравје.

ШКОРПИЈА

Можно е да имате прилика да напредувате кога станува збор за работата. Ве очекуваат нови можности. Ве очекува флерт со личност која ќе ви покаже дека е подготвена за сериозна врска. Внимавајте на бешиката.

СТРЕЛЕЦ

Се потпирате на своите соработници и подготвени сте да покажете иницијатива за започнување нови проекти. Саканата личност покажува дека е подготвена вашата врска да напредува, а на вас е да одлучите дали го сакате истото. Добро се чувствувате.

ЈАРЕЦ

Имате некои важни деловни договори во план. Може да очекувате дека судбината ќе ви биде наклонета. Имате добар однос со саканата личност. Пред вас е одличен период за љубов. Пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Нема да имате премногу работа и обврски во текот на овој викенд. Ќе имате можност малку да се одморите. Може да се надевате на средба со вашата симпатија. Наскоро може да дојде до почеток на врска. Можна е минлива аритмија.

РИБИ

Нови случувања ве очекуваат, ви се отвора можност на деловно поле да направите поголеми промени. Односот со саканата личност постепено напредува и сѐ повеќе сте искрени еден кон друг. Водете сметка за стомакот.

Прегледи:
596
Објавено на:
13.03.2020