Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 14-15 НОЕМВРИ 2020 ГОДИНА

ОВЕН
Планетите моментално се диспозиционирани а тоа го одвлекува вашето внимание да ги завршувате сите обврски во даден рок. Ќе сонувате будни и ќе правите сценарија во вашата глава. Луѓето околу вас сметаат дека не сте доволно пристапни и отворени. Некој сака да ви пружи помош но вие упорно одбивате.
Можно е да добиете повик доцна во ноќта од личност од која ќе ви затрепери срцето.

БИК
Вашата искреност може да ја ризикува стабилноста на вашата љубовна врска, внимавајте кога го кажувате она кое го мислите, можно е да ги повредите чувствата на партнерот. Постапувајте со повеќе стратегија и ќе ги откриете одговорите на сите прашања. Ако сте сингл,некоја личност долго време се обидува да воспостави подлабок контакт со вас но вие упорно бегате.
Можно е да добиете понуда за работа во странство.

БЛИЗНАЦИ
Премногу размислувате а тоа ве спречува да бидете среќни, вашето срце е отворено и зрачи со светлина, подготвени сте за нови љубовни авантури. Нова страст ве демне само е потребно вие да дадете одобрување и љубовните искри ќе почнат да светкаат. Среќата е на ваша страна кога е во прашање работата.

РАК
Нема да успевате да ги остварите плановите кои сте ги зацртале за овие денови, можеби треба да ја насочите вашата енергија на нешто креативно. Работете паметно и ќе остварите поголема добивка. Кога е во прашање љубовта, студени сте и сметате дека нема никој кој би можел да ви парира, страста која ја чувствувате спрема некоја личност не е дововолна за да започнете нешто посериозно.

ЛАВ
Сатурн се движи во вашиот сектор на работата а тоа ве прави исклучително корисни и фунционални, успевате да завршите повеќе работи одеднаш и се чувствувате продуктивни. Овој викенд обидете се да останете со отворен ум. Ќе мора да се соочите со некоја ситуација на љубовен план каде не треба да осудувате, наместо тоа останете кул и прифатете ја состојбата.

ДЕВИЦА
Во вашиот живот пристигнува личност која има многу да ви понуди, не само на љубовен план туку и на професионален. Поддршката која ќе ви ја пружи ќе ве исполни со задоволство и среќа. Исходот од работата е позитивен, ќе излезете како победник од некоја напната и тешка ситуација. Вашите способности напредуваат.

ВАГА
Ќе добиете самодоверба преку успешно завршениот проект за кој ќе бидете пофалени и наградени, ќе чувствувате дека можете да успеете во се што ќе наумите а тоа ќе ви помогне да се издигните во очите на конкурентите. Еден чекор ве дели од сосема поинаков живот. Ќе мора да донесете важна одлука кога е во прашање љубовта, од таа одлука ќе зависи дали вашето срце ќе се радува или ќе страда.

ШКОРПИЈА
Тајните полека се откриваат, ќе бидете изненадени од нештата кои ќе ги дознаете а некои од нив комплетно ќе го променат вашиот живот. Тоа вклучува и некоја привлечност спрема некого која сте ја чувствувале веќе долго време, ќе бидете самоуверени да ги споделите вашите чувства. Вашиот живот влегува во стабилна фаза, ве очекува финансиска добивка.

СТРЕЛЕЦ
Облечете го вашиот омилен party стајлинг затоа што ќе бидете ѕвезда каде и да се појавите. Вашата харизма ги освојува сите околу вас. Секој кој ќе стапи во контакт со вас ќе ги чувствува вашите вибрации. Сега не е вистинско време да се навраќате на некои нешта или проблеми од минатото, време е да гледате напред кон нови можности.

ЈАРЕЦ
Сега е идеален период да се поврзите со сите оние кои имаат исто размислување како и вас и иста работна етика, тоа  ќе ви помогне и ќе ве инспирира да напредувате и да ја достигнете целта за која отсекогаш ст есонувале. Некоја промена во домот ќе ве вознемири, но на крајот се ќе биде добро. Очекувајте промена и во љубовниот живот.

ВОДОЛИЈА
Во потрага сте по некое знаење и сметате дека некои нешта се сокриени од вас. Ќе се впуштите во истражување и изучување на нови нешта, некои Водолии можеби ќе почнат да изучуваат нов јазик. Вашите мисли денес ќе лутаат и ќе бараат нешто скриено во се што ве опкружува. Некој мисли на вас и го очекува вашиот повик.

РИБИ
Подгответе се за трансформација, започнувајќи од оваа ноќ ќе почнете да размислувате за некоја промена во изгледот или работното место. Страста ве води и сте полни со инспирација а тоа ве мотивира да станете најдобрата верзија на себеси. Некој ви испраќа сигнали дека му се допаѓате и има длабоки чувства спрема вас.

Прегледи:
1847
Објавено на:
13.11.2020