Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 14-15 СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА

Овенот го очекуваат промени на работа, Бикот флертува, Близнаците се незадоволни, Девицата е опуштена, Јарецот конечно има можност да одмори.

ОВЕН

Пред вас е промена која може да биде многу важна за вашата работа. Потрудете се храбро да ги прифатите новите можности. Доколку ви се допаѓа личност родена во знакот на Вага, со неа ќе успеете да остварите позитивни промени. Внимавајте на кичмата.

БИК

Не е поволен период за нова работа или за било какви вложувања во овој период. Ве очекува фаза која е многу поволна за флерт и нови познанства. Ако веќе имате партнер, размислувате за патување. Внимавајте на црниот дроб.

БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате дека ќе дојде до некои компликации на работното место кои нема лесно да ги решите. Ќе ви биде потребна помош од соработници. Помеѓу вас е саканата личност владее атмосфера на незадоволство од кое нема лесно да излезете. Внимавајте на крвотокот.

РАК

Прекинувањето на деловната соработка би можело да ви донесе некоја штета во деловна смисла. Пред вас е фаза која носи ново познанство со личност која ќе покаже дека сака врска со вас. Проблеми со кожата и иритација.

ЛАВ

Деловните проблеми се насобираат кај вас и нема да ви биде лесно да држите сѐ под контрола. Доколку ви се допаѓа личност која сте ја запознале преку работа, таа врска ќе биде комплицирана. Нагласен пад на имунитет.

ДЕВИЦА

Пред вас е викенд кој може да биде многу опуштен и не би требало да имате премногу работа. По големите промени на љубовно поле, доаѓа фаза на стагнација која некое време ќе ви одговара. Можни се проблеми со аритмија.

ВАГА

Не е премногу поволен викенд за работа, неочекувано може да дојде до проблеми. Доколку сте во брак, со саканата личност се обидувате да најдете компромис околу некои важни прашања. Проблеми со варењето.

ШКОРПИЈА

Можно е да немате премногу среќа околу започнувањето нова работа овој викенд. Очекувајте постигнување на компромис со саканата личност и насочување на вашиот однос во добар правец. Можни се проблеми со очите.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекуваат поголеми трошоци овој викенд. Генерално работата ви оди послабо овој период. Може да сметате на личноста која ја сакате, таа во секоја ситуација покажува дека ви е искрен пријател. Препорака е да посетите нутриционист.

ЈАРЕЦ

Викендов ќе имате можност за одмор. Може да очекувате дека ќе уживате во позитивните околности на работа. Прилично сте нервозни и со саканата личност имате многу проблеми. Одморајте што повеќе.

ВОДОЛИЈА

Напнатоста ве прати и несигурноста која ја чувствувате негативно се одразува на вашата работа. Може да се надевате на состанок со личноста кон која имате емоции. Освен нервоза, немате поголеми проблеми.

РИБИ

Не сте задоволни од околностите на работа и размислувате да започнете промени на ова поле. Не сте подготвени за компромиси кога станува збор за љубовта и сакате да бидете онака како што сте замислиле. Проблеми со нервниот систем.

Прегледи:
493
Објавено на:
13.09.2019