Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 16 И 17 АПРИЛ 2022 ГОДИНА

ОВЕН
Ќе добиете впечаток дека сте единствената личност која не кажува што ќе прави туку навистина кажува. Ќе бидете прилично лути на околината и ќе мислите дека сите останати се бавни и мрзливи. Не ги критикувајте луѓето премногу и не очекувајте тие да бидат мотивирани за некои работи како вие. Патувањето не е лош избор, но само ако знаете зошто одите и која е вашата цел. Верувај во себе.

БИК
Не трошете премногу пари само за да импресионирате некого или да ја отстраните тензијата во врската со саканата личност или децата. Генерално, треба порационално да управувате со парите и имотот. Планирајте ги деновите кои претстојат, ве очекуваат голем број нови обврски и непредвидени ситуации кои ќе бидат стресни. Биди подготвен.

БЛИЗНАЦИ
Дружете се и бидете токму личноста што сте бидејќи тоа ќе ви отвори нови врати, но и ќе ви донесе пари. Задолжително запишете се за што размислувате, идеите само ќе дојдат и ако не ги документирате, следниот ден нема да го знаете најважното. Покажете му на вашата сакана дека навистина ја сакате, а ако немате волја, време е да раскинете.

РАК
Ќе бидете склони да трошите премногу пари, но и енергија на пријателите, семејството и саканите. Не се занесувајте и запомнете дека љубовта не може да се купи со пари. Размислете за другите опции што ги имате, започнете отворени разговори за емоциите и навистина вложете напор да ги поправите индивидуалните односи. Викендов треба да го правите она во што уживате.

ЛАВ
Фокусирајте се на емоционалните прашања, особено ако долго време не сте сигурни што да правите или кого да изберете за партнер. Викендот е поволен за семејни собири и разговори за имотот. Периодов, многумина ќе убедат постар човек да продаде имот што е само трошок за секого. Време е да се опуштите и да се забавувате навечер.

ДЕВИЦА
Ретко кој е перфекционист, но кога станува збор за нови правила, нови проекти и цели за иднината, не двоумете се да покажете колку сте спремни да одите и колку сте работеле. Овие дена ќе го имате вниманието на околината, но нема јасно да ги кажувате своите идеи. Учествувајте во решавањето на туѓите проблеми, ќе бидете пријатно изненадени.

ВАГА
Викендов ќе бидете многу склони да размислувате за иднината. Многумина ќе посакаат драстични промени, но вие не треба да брзате, туку попрво да започнете со мали работи и прво да размислите како да го промените секојдневието. Во љубовта ќе имате впечаток дека ништо не ви оди како што треба, не го барајте виновникот во себе, запрашајте се дали ја познавате вашата сакана.

ШКОРПИЈА
Некој ќе се обиде да ве убеди да направите потег што не треба. Ќе биде многу забавно и возбудливо да се ризикува, па многу од вас ќе бидат среќни да влезат во тајна врска. Сепак, бидете внимателни и имајте на ум дека ова може да ве чини не само емоционално, туку и финансиски. Бидете подготвени да одбиете некого.

СТРЕЛЕЦ
Не двоумете се, бидете проактивни овие дена и започнете ги деновите со нешто што отсекогаш сте сакале да го направите. Покрај тоа што ќе се чувствувате толку одлично, потсвесно ќе најдете решение за проблем кој ве мачи веќе некое време. Во добра фаза сте за учење, креативна работа но и истражување. Наскоро е можна интересна деловна понуда, не брзајте.

ЈАРЕЦ
Држете се до она што најдобро го знаете и она во што лично мислите дека сте најдобри. Не држете се толку многу на мислењето на околината, прифатете го фактот дека има љубоморни и неискрени луѓе. Би можеле да бидете разочарани од личност од спротивниот пол, некој што го познавате многу долго, но сте долго време разделени. Бидете внимателни со ветувањата.

ВОДОЛИЈА
Ќе имате потреба да ги решавате сите проблеми, не само вашите, туку и туѓите. Колку и да сте мотивирани и оптимисти, не го очекувајте истото од другата страна. Вие сте за составување договори и генерално писмени работи, како и за се што е поврзано со финансии и недвижности. Во љубовта не бидете склони кон обвинувања или огорченост, бидете умерени.

РИБИ
Викендот е идеален за размислување за нови идеи за заработка. Не двоумете се, споделете ги вашите размислувања со другите и слободно побарајте совет или финансиска помош. Постар член од семејството целосно ќе ве поддржи. На некои од вас викендов ќе им биде потешко да сфатат што е лоша љубовна врска, широко отворете ги очите и бидете подготвени за промени.

Прегледи:
766
Објавено на:
16.04.2022