Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 18-19 ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

На Рибите им претстои луд и незаборавен викенд, Стрелците ќе разговараат за наследство, долгови и даноци а Раковите ќе бидат особено емотивни..

ОВЕН
Во изминатиов период бевте доста фокусирани на домот и семејството. Овој викенд ќе сакате да се релаксирате во позната и пријатна атмосфера. Ќе дискутирате околу поправки во домот.

БИК
Ќе му верувате на вашите инстинкти. Се чини дека вашите чувства го знаат најдобриот пат. Ќе сакате да подучите и посоветувате некого околу некоја работа. Ако имате нешто кое одамна сакате да го искажете, сега е вистинското време.

БЛИЗНАЦИ
Ќе се впуштите во шопинг и голема е можноста да купувате со вашите чувства отколку со вашиот ум. Можно е да купите непрактични нешта само поради тоа што ги сакате. Нивната функционалност е поголем проблем. Можно е да добиете идеи за подобрување на финансиската состојба.

РАК
Денес Сонцето, Месечината и Меркур се во вашиот знак. А тоа значи дека се ќе биде околу вас. Очеувјате доста среќни мигови. Може да се чувствувате особено емоционално, во некои ситуации ќе делувате со срцето а не со разумот.

ЛАВ
Ќе сакате малку приватност и нема да сакате да споделувате за она што ви се случува во вашиот живот. Ќе сакате да одморите и да се релаксирате. Разговорот со некој кој е креативен и уметник ќе ви годи.

ДЕВИЦА
Ова е одличен период да ги споделите вашите желби и соништа за иднината со некој пријател, можно е да е женска особа. Ќе бидете среќни што некој сака да ги чуе вашите идеи. Тоа ќе ви биде од голема помош затоа што таа личност ќе сака да даде се од себе за да ви биде поддршка.

ВАГА
Без непријатност ќе споделувате се што имате да кажете, дури и оние нешта кои другите не сакаат да ги изговорат. Но ова може да ве доведе до непријатности ако споделувате премногу интимни нешта со останатите луѓе.

ШКОРПИЈА
Овој викенд ќе се чувствувате опуштен и ќе сакате да запознавате нови луѓе од различна позадина. Ќе сакате да научите нешто ново. Ќе ви годи патување и проширување на хоризонтите. Ви претстојат среќни мигови.

СТРЕЛЕЦ
Ви претстојат разговори за наследство, осигурување, даноци и долгови.. Ќе сакате да ги организирате сите нешта и да направите детален план. Внимавајте на трошоците, можно е да се однесувате нерационално.

ЈАРЕЦ
Посветете се на некој кој ви е близок, пријател или партнер. Ќе бидете кооперативни и ќе сакате да им угодувате. Тоа не значи слабост, ќе ви биде особено пријатно во нивно друштво.

ВОДОЛИЈА
Ќе морате да ги ставите личните потреби на страна за да му помогнете на некој близок на кого му е потребна вашата поддршка. Прифатете ја ситуацијата со смиреност и немојте да се лутите поради тоа, вашето време ви стои и ќе можете да го искористите подоцна.

РИБИ
Овој викенд ќе го поминете лудо и незаборавно. Уживајте во социјалните дружења, забавните активности со децата, романтичните авантури. Спортските настани исто така ќе ве привлекуваат. Ви претстои забавен период.