Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА (6-7 ЈУЛИ 2019 ГОДИНА)

Лавот е задоволен со ситуацијата на работа, Шкорпијата ја очекува интересна средба, Вагата е полна со позитивна енергија.

ОВЕН

Не сте задоволни со ситуацијата која ја имате на деловно поле. Подготвени сте да ја вложите својата енергија за да ги остварите плановите. Ги преиспитувате своите емоции кон партнерот и сфаќате дека дојде време за промена. Проблеми поврзани со очите.

БИК

Подготвени сте во наредниот период да го дадете својот максимум на деловно поле и да докажете дека сте подготвени за напредување. Имате комуникација со симпатијата, но сѐ уште нема промени. Проблеми со нервоза.

БЛИЗНАЦИ

Секогаш може да се потпрете на соработниците кои искрено и пријателски се на ваша страна. Пред вас е поволен период. Многу сте шармантни и не ви е проблем отворено да ги покажете своите емоции. Нервниот систем ви е чувствителен.

РАК

Може да очекувате позитивни решенија на деловните проблеми од претходниот период. Сакате да уживате со личноста која ви се допаѓа. Не ве интересира што моментално се наоѓате под отежнати околности. Проблеми со кичмата.

ЛАВ

Генерално сте задоволни со ситуацијата на работното место. Може да очекувате добра фаза за заработка. Посветени сте на својот партнер и вашиот однос е многу добар. Ако сте слободни, поволен период за почеток на врска. Проблеми со коските.

ДЕВИЦА

Може да очекувате некои проблеми на работното место. Не ви е поволен период за било какви ризици. Сакате да и покажете на саканата личност колку ви значи да бидете со неа. Пад на имунитетот.

ВАГА

Не сте премногу загрижени за работата, имате впечаток дека сѐ ќе решите. Многу поволен викенд е пред вас. Може да очекувате нова средба со личност кон која имате емоции. Полни сте со позитивна енергија.

ШКОРПИЈА

Ве очекува период во кој ќе имате некои помали компликации на деловно поле. Може да имате интересна средба со личност која ќе ви покаже дека е подготвена на сѐ за да биде со вас. Болки во стомакот.

СТРЕЛЕЦ

Доаѓате до нови информации на деловно поле. Ќе успеете да остварите и некоја нова соработка. Ви се допаѓа личност која не покажува дека сака да биде со вас. Можно е да се замеша некој пријател. Минлива настинка.

ЈАРЕЦ

Олеснување на финансиско поле е пред вас. Може да сметате на позитивни случувања и на добри пресврти на ова поле. Приоритет ви е со саканата личност да ги решите спорните ситуаации од минатото. Поработете на своите навики.

ВОДОЛИЈА

Викендот не е поволен за почеток на нов деловен проект или за промени. Потрудете се да не правите ризични потези. Ќе имате многу интересно познанство со личност чие внимание би можело да ви значи. Помал пад на енергија.

РИБИ

Не ги покажувајте пред сите вашите деловни планови. Потрудете се некој дел од приказната да оставите само за себе. Паралелна љубовна врска не е она што ве привлекува. Имате можност за тоа но не сте расположени. Проблеми со несоница.

Прегледи:
591
Објавено на:
05.07.2019