Категории

Среќна приказна: Некои средби се судбински и засекогаш ви го менуваат животот

Еден ден Хина шетајќи во паркот не очекувал дека ќе има една посебна средба која ќе му го смени животот. 

Ја сретнал нејзе, Вејл, мало маче кое веднаш се залепило до него, а тој неразмислувајќи ја земал со него дома.

Во интервју раскажува дека штом ја донел дома веднаш заспала, како тоа да и е добро познато место.

Тој вели „Таа ми е како семејство, мислам дека и таа ме сака мене. Ќе бидеме засекогаш заедно.“

Вејл сега има две ипол години и ужива да прави се со Хина, дури и досадни домашни работи, како перење алишта.

Обично викаат дека доколку мачка дојде во вашиот дом, треба да ја примите, бидејќи овие животни секогаш доаѓаат со одредена причина, а позитивната енергија и промена која ја носат е неизбежна.

Хина правилно постапил и сега тој и Вејл се како мало, среќно семејство.

Прегледи:
414
Категории:
Среќа на денот
Објавено на:
24.03.2016