Категории

Среќната жена е и верна жена

Група истражувачи дошле до заклучок дека жените коишто се задоволни во својата врска не размислуваат за неверство, бидејќи во секој втор маж ги гледаат само неговите негативни особини.

Жените коишто се задоволни во врската не размислуваат за неверство, бидејќи во секој втор маж ги гледаат исклучиво само неговите негативни особини – а ова е закчучок до којшто дошла една група од истражувачи.

Тие спровеле експеримент во рамките на којшто девојките оценувале атрактивни момци врз основа на фотографии. Мажите биле прикажани во различни активности и секој од нив бил поинаков.

А на крајот се испоставило дека жените коишто се среќни и во врска ги запомниле единствено само лошите страни на сите момци од фотографиите, без оглед на фактот колку тие биле привлечни.

За разлика од нив пак, оние коишто не биле задоволни од својот љубовен живот, се фокусирале исклучиво само на позитивните карактеристики на момците и со тоа индиректно признале дека постоечките партнери можеби и би ги замениле со нив.

Затоа момци, “засукајте” ги ракавите, и потрудете се колку што е можно почесто да ја мамите насмевката на лицето на вашите дами, но и направете тие да се чувствуваат сакано, безбедно и задоволно.

Прегледи:
366
Категории:
Занимливости
Објавено на:
25.01.2016