Категории

Среќни вести – Бројот на леопарди во Индија зголемен спрема изминатите четири години

Популацијата на леопарди во Индија во изминатиот период од четири години се зголеми за 60%, покажаа официјалните податоци.

Индијскиот министер за животната средина, Пракаш Јавадекар објави извештај „Статус на леопардите во Индија 2018“ спрема кој бројот на леопарди во оваа земја во 2014 година изнесувал 8,000 а во 2018 изнесувал 12,852.

Јавадекар додаде дека се зголемува популацијата на тигри и лавови што покажува дека Индија ја штити екологијата и биоразличноста.

Проценката на популацијата на леопарди е направена со користење на камера а најмногу ги има во Мадхја Прадеш (3,421), Каматаки (7,783) и Махараштри (1,690).

Во Индија е забележан пад на популацијата на леопарди за 75% до 90% посто во последните 120 до 200 години а причината е влијанието на човекот, ловот, губењето на природното живеалиште, недостигот на природен плен, конфликтите и различните закани по леопардите.

Најмногу леопарди има во централниот дел на Индија, поточно 8,071 а тоа се државите Мадхја Прадеш, Махараштра, Рајастан, Одиша, Чатисгар, Јарканд, Теленгана и Андра Прадеш.

Во северните индијски ридови живеат само 141 леопард.

Прегледи:
604
Категории:
Животни · Секојдневие
Објавено на:
29.12.2020