Категории

Среќниот живот доаѓа кога ќе ги отфрлиш овие две нешта

Среќниот живот доаѓа кога ќе се ослободиш од овие две нешта, тогаш започнува и твојата слобода

Колку побрзо се откажеш од желбите кои немаат никаква шанса да станат твоја реалност, толку побрзо ќе го пронајдеш својот мир. Немој да се лажеш и понатаму затоа што постојат нешта кои понекогаш се надвор од нашата реалност поради различни внатрешни и надворешни влијанија па залудно е да се троши животот мислејќи на нив кога тие се невозможна мисија.

Отфрлувањето на нештата кои си ги надраснал, чувствата кои не ти требаат, нештата поради кои се чувствуваш изморено и истрошено ќе ти донесат многу нови шанси кои треба да ги искусиш за да станеш личноста која сакаш да бидеш.

Немој да се задоволуваш со минималното затоа што твоите таленти и способности ќе останат запоставени и нереализирани. Пронајди ја својата мерка и немој да прифаќаш ништо што е под твојата граница.Нека не ти го одземаат скапоценото време неважните нешта кои не ти донесуваат никаков напредок и можност.
Ослободи се од непотребниот терет кој само те завлекува назад и отвори ги своите шанси за запознавање на она што е достојно за тебе.

Прегледи:
559
Објавено на:
08.03.2020