Категории

Среќните жени се сами заслужни за својата среќа додека уморните постојано кукаат

Постојат жени кои поголемот дел од времето зрачат со искрена среќа, додека некои други се вечно незадоволни

Две жени – два става спрема животот: Тука е среќна жена и уморната жена. Какви се постапките на овие две различни видови жени, и што можете да направите за да се чувствувате добро и да поседувате контрола врз сопствениот живот.

1.Секогаш морате да знаете каде одите
Среќните жени имаат свој пат и планови и цели кои ги следат. Жените кои се секогаш уморни, ги следат патиштата на другите луѓе и секогаш се трудат да му удоволуваат на другите. Нивната главна поента е дека секогаш нешто мораат да прават.

2.Околина
За жените кои го сакаат животот, животот ги сака и нив. Опкружување им е ведро, позитивно и блескаво. Оптимизмот ги прати во секој чекор.
Уморните жени ги прати опкружување како нив – такви кои постојано на нешто се жалат, и не зборуваат за радост затоа што се плашат „да не се заречат“.

3.Самодоверба
Среќната жена се сакате и се почитува себеси. Околината не може да влијае врз тоа како таа се гледа и какво мислење има за себеси, затоа и сите ја обожаваат.
Уморната жена е горда и арогантна, и секогаш некого осудува за нешто.

4.Среќната жена секогаш ќе се стреми да се развива себеси на повеќе нивоа.
Уморната жена има навика постојано да се споредува со другите, да им завидува и да се жали како таа прави повеќе од сите и добива многу помалку од тоа што добиваат другите.

5.Очекувања
Среќната жена нема очекувања. Таа знае дека сама ја кова својата судбина и патот кој го чекори. Ако нешто сака, таа се труди да го добие.
Уморната жена има навика постојано да чека некој да дојди и да ја усреќи или да и се случи нешто кое ќе и „падне од небо“. Таа нема намера да го постигне тоа сама, и бидејќи очекувањата никогаш не се како што ги замислува таа е незадоволна и огорчена.

Прегледи:
398
Објавено на:
04.11.2019