Категории

Стајлинзи кои ќе ве инспирираат кога ќе стигне променливото време оваа есен

Иако сеуште не е баш официјално, летото полека си оди и тоа на никој од нас не ни се допаѓа, но еве една мала среќна вест а тоа е дека парчињата кои сте ги носеле постојано овие три месеци, не мора баш да го чекаат следното летото, можете да ги искористите и оваа есен со мала транзиција во начинот на комбинација.

Тајната е во тоа што сепак можете да ги носите вашите летни фустани, но во комбинација со парче кое се носи на пониски температури. Фустанот на прерамки не мора да чека повторно температурите да го достигнат максимумот, можете да го искомбинирате со блуза под него, или вашиот краток цветен фустан можете да го искомбинирате со блејзер и есенски чизми.
Погледнете како познатите модни следбенички го прават тоа супер ефективно.

Прегледи:
523
Објавено на:
04.09.2019