Категории

Стаклен мост во Кина влезе во Гинисовата книга на рекорди

Мостот од стакло висок 120 метри на работ на еден амбис на југозападот на Кина влезе во Гинисовата книга на рекорди како мост без поддршка бидејќи е поврзан само со кабли, пренесуваат кинеските медиуми.

Мостот долг близу 70 метри може да прими најмногу 30 луѓе, а беше свечено отворен на 1 април.

Кинезите привлекуваат туристи со стаклените мостови.

Во таа земја минатата година беше отворен најдолгиот стаклен мост кој беше инспирација за научно-фантастичниот филм „Аватар“, на режисерот Џејмс Камерон.

Мостот со должина од 430 метри се наоѓа 300 метри над земја и е сместен помеѓу два парка во кинеската провинција Хунан.

Локацијата на мостот беше инспирација за „лебдечката планина“ што се појавува во филмот „Аватар“ од 2010 година.

 

 

Извор: Макфакс

Прегледи:
435
Објавено на:
05.07.2017