Категории

Стартап кој се грижи за среќата во вашата компанија

Во време кога начинот на живот и работа е потполно променет, а онлајн комуникацијата стана клучен елемент од секој бизнис, време е да размислиме колку се среќни и задоволни нашите вработени.

Кога станува збор за транспаретност во одредена организација, организираност и пристап до целосната документација на еден бизнси, дефинитивно треба да се запознаете со Happeo

Наррео е фински стартап, платформа за продуктивност која помага при одржувањето на внатрешната комуникација во компанијата преку социјален итранет кој работи совршено со Google Suite. Целта на овој стартап е да го направи работното место посреќно место за сите.

“Благодарение на Happeo беше лесно да комуницираме со нашите вработен кои работат од различни локации, особено за време на светската пандемија. Уште поважно, навистина беше корисно да имаме една единствена платформа на која нашите вработени ќе поставуваат прашања и можат да соработуваат едни со други.“- изјави еден од многуте менаџерите кои ја користат оваа платформа.

Но, што ја прави Happeo посебна како платформа? 

Едонставно е, ова е првиот систем што ги поврзува функционалноста и суштинските алатки за соработка,  вклучувајќи и социјален аспект во начинот на комуникација. Тоа значи дека секој вработен кој сака да ги извести останатите за одредено истражување кое било спороведено или пак најновите информации за клиентите доволно е да сподели статус со останатите кои се дел од платформата. Во секој момент секој има лесен пристап до најновите извештаи од сите департмани на компанијата и истовремено може да се обратите до било која личност за одредена информација која ви е потребна. Оваа платформа е исто така синхронизирана со сите алатки на Google како што се Google sheets, Google drive, Gmail, Google meet, Google calendar така што не мора посебно да ги користите овие алатки туку до истите имате пристап преку самата платформа.

Зошто оваа платформа е клучна за среќата во вашата компанија?

 Среќата и успехот на една компанија се крие во успехот и среќата на нејзините вработени. А од особена важност за секој вработен е да се чувствува сигурен, значаен и охрабрен на работното место. Преку оваа платформа ја имате шансата да ја намалите несигурноста кај вашите вработени преку достапност до сите најнови информации, да ја охрабрите соработката помеѓу нив како и да ја олесните комуникацијата помеѓу нив. Организациската култура во една компанија е еден од најважните аспекти доколку сакате да остварите ефикасност и ефективност при работата.

Доколку навистина се грижите за среќата на вашите вработени, но и за вашата компанија дефинитвно вреди да обрнете внимание на можностите кои ги нуди овој стартап.

 

Прегледи:
766
Објавено на:
14.08.2020