Продолжуваме и во месец септември, со уште еден настан од серијалот #StartupOfTheMonth, овој пат во новиот простор на Startup Club Skopje заедно со Influencers.club и нивната визија за иднината на инфлуенсерскиот маркетинг.
Како започнува приказната на Influencers.club, односно платформата која што служи како мост помеѓу инфлуенсерите на социјалните мрежи и брендовите… И уште поважно, што
всушност прави Influencers.club?
всушност прави Influencers.club?
Ве покануваме да присуствувате во среда 27.09 од 19 часот, за да дознаете многу повеќе околу Influencers.club, и да ги прашате Никола и Борис сѐ што ве интересира.
P.S. Локацијата се наоѓа во рамките на добро познатиот Среќа Бар, веднаш до Аmerican College.
Ве очекуваме на одлична дружба со многу позитивна енергија.
Оваа активност е дел од проектот на USAID North Macedonia “Активност за јакнење на деловниот екосистем”, имплементиран од Strategic Development Consulting