Се запрашав и јас. Запрашајте се и вие, во овој месец октомври посветен за подигнување на свеста за лицата со даунов синдром.
Одев два чекори пред него. Тој, освен неговата препознатлива насмевка и исправена става, ја носеше неговата сиво-црвена кецела на која пишува Лице в лице. Не ни заприметив кога застанал на соседната маса да го понуди списанието на две жени, само слушнав надмен и агресивен женски пискав глас кој му се обраќа со зборовите
“Тргни ми се од тука!”. “Која некултура” – прокоментирав.
“Дојди Igorce” – му реков.
Седнавме на маса во локалот блиску, и ги слушнав двете жени како коментираат дека “детето” било со “жената”(јас). Инаку “детето” има 32 години, а “жената” 37, или пак тоа што има коси очи и е уличен продавач на списание ни дава за право да го деградираме.
Мене со смирен тон (не како оној претходно) ми се обратија да ме прашаат што им нудело детето. Не издржав, а да не им кажам дека доколку имаа доволно доблест да го ислушаат, би разбрале што им нуди. Но, Игор со сета смиреност која ја носи во себе, стана и со почит им се обрати и им го претстави списанието.
На неговото воспитување и однесување можеме многумина да му завидиме. На неговата сталоженост и почитување спрема секое човечко битие исто така. А што правиме ние за возврат? Само судиме оптоварени со предрасуди и стереотипи. Верувам дека жениве се запрашаа што ги прави посупериорни личности од него. Се запрашав и јас. Запрашајте се и вие, во овој месец октомври посветен за подигнување на свеста за лицата со даунов синдром.
#downsyndromeawarenessmonth #downsyndromeawareness
Превземено од профилот на: Anita Gagovska
Фала ти што си поттик за #Среќа