Категории

Ставајте ги луѓето на исто место како што тие ве ставаат вас – Ни помлку, ни повеќе!

Дојдов до фаза во животот кога сметам дека е успех да имам само малку повеќе мир отколку што имав некогаш. И не ми треба повеќе од тоа. Знам дека секогаш ќе има работи што ќе ме исфрлат од рамнотежа, луѓе и настани. Но, со текот на времето, нивниот број ќе се намалува. Стигнав до фаза во мојот живот кога сметам дека е успех да не чекам повеќе на оние кои вечно се влечат и ветуваат нешто големо. Разберете со кого на кое место сте, и така поставувајте приоритети.

Дојдов до фазата на животот кога размислувам како да се ослободам од се што ја оптоварува душата, а со текот на времето тоа станува се потешко. Незадоволства, приговори, гнев, одмазда. Не грижете се кој што кажал, и што планира. Единственото нешто што можете да направите е да се справите со својот живот. Станете херој за себе бидејќи животот наскоро ќе стане досаден и неинтересен. И не зборувајте повеќе за тоа кој е виновен. Пронаоѓањето на виновникот нема да го реши проблемот. Тоа ќе го направи само твојата промена. Треба да почнете од неа.

Прегледи:
659
Објавено на:
27.11.2021