Категории

Stella McCartney ја претстави својата прва колекција машка облека

LONDON, ENGLAND - NOVEMBER 10: (L to R) Orlando Bloom, Stella McCartney and Alasdhair Willis attend the Stella McCartney Menswear launch and Women's Spring 2017 collection presentation at Abbey Road Studios on November 10, 2016 in London, England. Pic Credit: Dave Benett

Познатата дизајнерка Стела Мекартни дебитира со своја прва колекција посветена на машката мода за која вели дека главна инспирација бил нејзиниот татко музичарот Пол Мекартни. Синоќа таа одржа свечена промоција во студиото Abbey Road каде присуствуваа нејзини многу блиски поддржувачи и пријатели од светот на шоу бизнисот меѓу кои Орландо Блум, Селма Хаек, Кејт Мос, Миа, и многу други.

02-kate

Во ексклузивното интервју за Voque, дизајнерката призна како најголема инспирација за создавањето на оваа колекција се мажите во нејзиниот живот, познатите светски уметници и музичари, но и самиот Лондон чиј препознатлив стил е вграден во естетиката на новата линија. Како најдраго парче од својата колекција таа ја издвои кошулата со две ластовички затоа што баш таква во својата младост носел нејзиниот татко – славниот музичар. Колекцијата е веќе достапна во продажба на официјалниот сајт на брендот.

Stella McCartney Menswear Launch and Women's Spring 2017 Collection Presentation

Прегледи:
262
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
12.11.2016