Категории

Стиховите на Мика Антиќ се рецепт за вистинска љубов

Слатката приказна можеби ќе ја прекриел и заборавот, доколку Мира Ступица не ја открила во книгата „Шака сол“. Којзнае колку слични љубовни анегдоти имал Мика во текот на животот, а за кои никогаш нема да дознаеме.

Сепак, она што успеал да го запише од искуство, е најдобар совет и ден-денес за сите заљубени и за оние кои имаат дилема дали е личноста за која срцето им лупа – вистинската.

„Ако се заљубиш некогаш, заљуби се во некој кој сака да ја знае твојата омилена боја и какво кафе пиеш.

Заљуби се во некој кој го сака начинот на кој се смееш и кој апсолутно сѐ ќе направи да те насмее.

Заљуби се во некој кој ја става главата на твоите гради само за да го слушне чукањето на твоето срце.

Заљуби се во некој кој во јавност и со гордост те „покажува“ на другите.

Заљуби се во некој поради кого ќе се прашуваш зошто на почетокот воопшто си се плашел да се заљубиш.

Заљуби се во некој кој никогаш не би сакал да те повреди.

Заљуби се во некој кој е заљубен во твоите маани и мисли дека си совршенз баш таква каква што си.

Заљуби се во некој што мисли дека токму ти си таа личност покрај која би сакал да се буди секој ден.“