Популарниот ангел на Викторијас Сикрет – Алесандра Амбросио е дефинитивно една од моделите која умее да го негува својот личен стил и со секоја модна комбинација да остане забележана. Таа толку вешто умее да си “игра” со парчињата облека што на сите нам ни одржува вистинска модна лекција. Кога е во прашање лежерниот кежуал стил тогаш инспирација можеме да побараме низ нејзините највпечатливи изданија во кои сигурно секоја девојка ќе пронајде комбинација која ќе биде нејзина омилена..
Погледнете зошто Алесандра е нашиот избор за дама совршен стил.