Младата пеачка која ја паметиме од Дизни филмовите прерасна во прекрасна дама со елегантен и префинет стил. Нејзините комбинации изобилуваат со женственост умереност и елеганција, и дефинитивно можеме да кажеме дека е ѕвезда која не знае да погреши кога е во прашање модата. Таа моментално е една од ѕвездите кои се на листата на најдобро облечени музичари, модните куќи обожаваат да соработуваат со неа за свечените настани и дефинитивно има поради што.