Категории

Што кога Вашето дете не ја изговара правилно буквата “Р“ ?

Родителите треба да бидат загрижени ако нивното дете до петтата година не ги изговара правилно сите букви.

.

Често, децата имаат проблеми со изговарање на буквата “Р“. Неправилната артикулација е пореметување во говорот која се изговараат поединечни гласови како Р, Л, Ж, З, Ѕ.. Детето може да изговара глас за таа буква, но не со задоволувачки квалитет. Логопедите порачуваат дека до петтата година детето треба да ги изговара правилно сите гласови од буквите, а доколу има проблеми, најверојатно му е потребна мала професионална помош. Исто така, тие порачуваат родителите да прават вежби со своите деца, и да им ги изговараат зборовите точно, како на пример : “Млеко“, а не “Меко“, како што практикуваат многу родители бидејќи тоа им звучи “слатко“. А и да им кажуваат песнички со зборови како трактор, чичо, ѕвонче итн.

Прегледи:
1905
Објавено на:
15.01.2016