Верувањето дека петок 13-ти е лош ден има и свои предности. На тој ден има помалку сообраќајни несреќи бидејќи луѓето возат повнимателно. Куќите со број 13 се поевтини, како и летовите со авион.
„Параскевидекатриафобија“ е службениот назив за страв од петок 13-ти. Иако звучи помалку неверојатно, многу луѓе се плашат од овој ден бидејќи веруваат дека нешто лошо ќе се случи. Наводно овој страв го имал и претседателот Френклин Рузвелт. Според некои проценки, неколку десетици милиони луѓе патат од оваа фобија, со помал или поголем интензитет.
Некои луѓе толку се плашат од овој ден што на петок 13-ти не сакаат да излезат од дома, дури и изостануваат од работа. Други тој ден избегнуваат да донесуваат било какви одлуки, бидејќи не сакаат подоцна да бидат криви ако се случи нешто лошо.
Дека ова може да биде лоша одлука говори случајот на Даз Бакстер од Њујорк кој на петок 13-ти во август 1976 година, одлучил да остане дома во кревет за да ја избегне можноста да му се случи нешто лошо. Зградата во која живеел се срушила. Тој умрел.
Постојат и хотели кои намерно немаат 13-ти кат или соба со број 13. Исто така, некои градови избегнуваат да го ставаат бројот 13 на куќите, а има и авиокомпании кои немаат седиште со број 13 во своите авиони.
Кога ќе се случи нешто лошо, доколку токму тој ден е петок 13-ти, се придава особено значење. На пример, на петок 13-ти во 2012 година крузерот Costa Concordia се насукал крај италијанскиот остров Giglio. Во несреќата погинале 32 луѓе.
Исто така, на петок 13-ти 1972 година на Андите се срушил авион од Уругвај. Од 45 патници, 29 погинале од повреди, гладување и лавина. Останатите 16 останале живи благодарејќи на тоа што ги чувале телата на мртвите патници во снегот и го јаделе нивното месо.
Сепак, верувањето дека петок 13-ти е лош ден има и свои предности. Според некои статистики на овој ден се случуваат помалку сообраќајни несреќи бидејќи луѓето возат повнимателно. Куќите со број 13 се поевтини, како и авионските летови.
Како настанало ова празноверие?
Бројот 13 низ историјата се поврзувал со лоши работи, а една од нив е и теоријата од Средниот век, по која тој број се поврзува со вештерките, бидејќи биле по 13 во секоја група. Според некои верувања, вештерките се поврзувале со петок па на тој начин настанало празноверието дека таа комбинација е лоша.
Старите Египќани го поврзувале овој број со задгробниот живот. Верувале дека нивните животи се состојат од 12 фази, а следната е онаа кога умираат. Бројот 13 кај нив предизвикувал стравопочит, страв и мистерија.