Категории

Стравовите се намалуваат секој пат кога ќе се соочиме со нив

И понатаму растеме, и понатаму учиме. Храброст е да се живее животот секој ден и покрај нашите несовршености и фактот дека никогаш нема да бидеме.

Немојте да се затворате во себе и да бегате од шансите само затоа што не се чувствувате доволно добри или подготвени. Препреките постојат со причина затоа што ќе ве научат на важна лекција.Нормално е тоа дека голем дел од нештата нема да ви одат од рака уште од почетокот, ќе доживеете пораз или одбивање, но барем знаете дека сте имале храброст да пробате и имате можност да следниот пат да победите. Како кога ќе го паднете испитот па знаете како изгледа, и имате шанса повторно да се подготвите подобро.

Колку и да ви е тешко да ја разголите душата ии да признаете дека сте само човек со сите свои стравови, несовршености и лузни – наместо отфрлање, така ќе ги добиете симпатиите на другите луѓе затоа што и тие се во иста ситуација како и вие. Најубавото нешто кај стравот е тоа што станува се помал секој пат кога ќе се соочите со него, кога ќе го признаете неговото постоење и ќе делувате и покрај тоа. И на крај сосем ќе исчезне.

Среќните луѓе се како деца, радознало го следат своето срце низ животот и го посматраат како игра која ќе им помогне да се усовршат себеси. Несреќните луѓе го гледаат животот како низа изгубени битки и живеат во минатото оплакувајќи ги.
Сетете се дека всушност најуспешните луѓе на светот се оние кои и покрај своите стравови и сомнежи продолжиле да се борат се додека веќе ништо не им стоело на патот.

Прегледи:
431
Објавено на:
29.05.2020