Категории

Суарез не го заборавa минатото: Пешачев со часови за да одам на тренинг

Неделната плата од 200.000 евра ја зема сосема заслужено – Луис Суарез е еден од најдобрите стрелци во најатрактивниот клуб на светот во кој игра покрај најдобрите фудбалери на денешницата, но и покрај тоа Уругваецот не заборава од каде потекнува и какви биле неговите почетоци. Растењето во тешки услови му создало работни навики и одлучност кои го карактеризираат и денес. Сето ова голгетерот на Барселона го призна во интервју со Хорхе Валдана откривајќи дека по Ливерпул требало да замине во Реал, но кога дошла понудата од каталонскиот гигант за него постоел само еден избор.

Во своето резиме, покрај Барселона, стојат  гиганти од калибарот на Ајакс и Ливерпул со кои освои сè, а го предводеше и Уругвај до титулата шампион на Јужна Америка. Сето богатство кое го заработи преку фудбалските терени низ Европа е дијаметрално спротивно од детството на извонредниот голгетер.

Бев едно од седумте деца на моите родители, кои се разведоа кога имав само девет години. Растев во кварт од Монте Видео што беше опасен по живот, па морав да чистам улици за да заработам. Кога немав пари за билет за автобус, со часови одев на тренинг. Тоа само ми помогна да ја зацврстам својата желба – да успеам како фудбалер“ – се присетува Суарез.

Прегледи:
337
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
20.05.2016