Категории

Летните љубовни авантури на хороскопските знаци

Летото е период кога се чувствува најмногу енергија како резултат на Сонцето, кое се наоѓа на највисоката позиција на небото. Во овој период, ќе му погледнете одблизу на животот и на љубовните врски.

Ова лето ќе се донесуваат многу одлуки на полето на љубовта. Сингл сте? – Ќе ви биде забавно кога ќе запознаете нова личност. Во врска сте? Но, врската ви е здодевна, па може да одлучите да ја прекинете. Одлуки, забава, енергија… Што ќе донесе ова лето за секој хороскопски знак?

Овен

Сатурн доминира во вашата љубовна ѕвезда, што ќе ви помогне да донесете конечни одлуки за љубовните врски, што ќе има долготрајни последици. Вие сте знак кој сака посветеност, затоа не губете си го времето со нестабилни партнери.

Бик

Јупитер во вашиот знак ве става во фокусот на вниманието и ќе ви донесе многу можности за запознавање нови луѓе. Истражувајте, а вистинската врска ќе ви ја овозможи слободата за експериментирање.

Близнаци

Љубовта има скриена тематика во вашиот знак, што е резултат на мистериозното влијание од Јупитер. Марс е во знакот на близнаците во периодот од 22 јуни до 4 јули, па тогаш ќе бидете самоуверени да појдете по она што го сакате во љубовта. Бидете храбри!

Рак

Вашите пријатели се вашите волшебници кои ќе ви донесат среќа во љубовта. Затоа, ако сте сингл, оставете го вашиот пријател/ка да се стави во улога на Купидон. Вљубените ракови ќе уживаат дружејќи се повеќе време со пријателите. Фамилијарниот живот, живеењето во пар и плановите за заеднички живот ќе тргнат напред.

1 2 3

Прегледи:
1065
Објавено на:
14.06.2016