Категории

Летните љубовни авантури на хороскопските знаци

Лав

Целосно сте посветени на работата, повеќе од кога било, со оглед на тоа дека Јупитер ви помага да напредувате на професионален план. Бидете подготвени да се носите со вашите чувства бидејќи возможни се романтични авантури на работното место. Во периодот од 29 јули до 21 август, Венера ќе се наоѓа во вашиот знак. Тогаш ќе заблескате со својот изглед, па ова е најдобар период да привлечете онаква љубов каква што заслужувате.

Девица

Јупитер ќе ја разбуди вашата немирна страна, што ќе ве натера да го зачините љубовниот живот. Излезете надвор од зоната на комфорот и предизвикајте се самите себе да испробувавте нови работи. Бидете лојални кон пријателите и во љубовта. Некои недоразбирања можат да резултираат со одложувања на љубовните авантури до август.

Вага

Влијанието на Сатурн ви помага да созреете и да донесете подобри одлуки во љубовта.
Ќе научите како да се справите со оние кои не се доволно сериозни. Имајте време за луѓето што ви се важни. Голема е шансата да се обврзете и да донесете клучна љубовна одлука.

Скорпија

Со темпераментниот Јупитер во вашата љубовна зона, ова ќе биде едно исполнето лето за вас. Слободните скорпии ќе добијат многу романтично внимание, додека оние кои се во врска ќе можат да ја однесат врската на следното ниво, полесно од вообичаено.

1 2 3

Прегледи:
1038
Ознаки:
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
14.06.2016