Категории

Летните љубовни авантури на хороскопските знаци

Стрелец

Сега сте посенсзуални од кога било и сте склони кон намалување на темпото во љубовта за да можете да уживате во секој момент. Малите љубовни гестови значат многу повеќе од некакви екстравагантни подароци. Затоа, правете приземни љубовни планови.

Јарец

Марс ќе биде во вашата љубовна зона од 4 август, па оттогаш ќе бидете отворени за сè. Оваа планета ќе ви донесе и самодоверба, што пак ќе ви помогне да се однесувате како што се чувствувате. Возможно е да тргнете напред во љубовта. Не чекајте, преземете го првиот чекор!

Водолија

Меркур ќе ви помогне да остварите нови конекции и подобро да ги запознаете оние што ги сакате во месец јули. Венера ќе ви овозможи љубов во август, но треба да бидете флексибилни со оглед на ретроградното влијание, што значи дека е можно да се случуваат недоразбирања. Бидете јасни во комуникацијата.

Риби

Ова лето треба да се изразувате себеси на секој начин, бидејќи можете да направите значителни промени во љубовта под влијание на Јупитер. Рибите што се во врска ќе се почувствуваат подготвени да ја продлабочат блискоста и довербата преку донесување практични одлуки, како на пример, заедничко користење на парите и местото на живеење.

1 2 3

Прегледи:
1066
Ознаки:
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
14.06.2016