Категории

Супа од целер и дуња: Идеална за постудените денови, а вкусот е магичен!

Направете си вкусна супа која воедно и ќе ве стопли

Состојки:

  • 1 голем целер
  • 1 дуња
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • маслиново масло
  • 1 пилешка коцка за супа
  • 1 лажица мелен ким
  • малку мелен цимет
  • 1 лажица шеќер

За послужување:

  • малку ореви
  • 1 лажица павлака за готвење
  • малку свежи зачини

Подготовка:

Излупете и грубо исецкајте го целерот, дуњата, кромидот и лукот.

Истурете многу масло во поголема тава и ставете на средна топлина, а потоа додадете го исецканиот зеленчук, заедно со сите други состојки и изматете ја коцката за супа.

Гответе полека 20 до 25 минути, или додека зеленчукот не почне да омекнува, мешајќи повремено за да се осигурате дека нема ништо на дното.

Кога ќе омекне, истурете врела вода  за да го покриете зеленчукот 2 см.

Ставете го капакот и динстајте 20 до 25 минути, или додека не се свари зеленчукот.

Користејќи миксер, изматете до густината што ви се допаѓа.

Грубо исецкајте ги оревите и пропржете ги во малку путер.

Зачинете ја супата со малку павлака, зачини и ореви.

Прегледи:
381
Објавено на:
04.11.2019