Направете вкусен пудинг од чиа семе и малини – рецепт за здрав вегански десерт!
Овој пудинг се „готви“ сам преку ноќ, а е одличен за појадок или како слатка ужина.
Состојки:
За пудинг чиа семе:
- 1 чаша кокосово млеко
- 1 чаша оризово млеко
- 6 лажици семе од чиа
- 2 лажици мед
За сиров џем од малина:
- 2 чаши свежи малини
- 2 лажици чиа семе
- 1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Во сад измешајте го кокосовото и оризовото млеко, 6 лажици семе од чиа и медот. Промешајте, оставете да отстои 10 минути па повторно промешајте. Покријте и оставете го во ладилник преку ноќта.
Изгмечете ги малините, додадете 2 лажици семе од чиа и екстракт од ванила. Покријте и оставете го во ладилник преку ноќта.
Следниот ден, истурете ги во декоративни чаши – по слоеви по желба – и послужете.