Категории

Супер жена која го воодушеви светот – мајка на 11 деца, работи во НАСА, лета со авион…

Алисон Рену има 55 години, а откако што успешно пораснала единаесет деца, одлучила да се посвети на себе и да го промени својот живот од корен. Денес таа е инспирација за целиот свет…

Можеби никогаш порано не сте слушнале за Алисон Рену, но постои цела низа на причини поради кои би требало да ја слушнете нејзината приказна. Имено, Алисон 15 години минала како домаќинка додека ги растела своите 11 деца. Потоа отворила свој спортски центар во кој тренира млади гимнастичарски надежи кои сакаат да учествуваат на Олимписките игри.

Десет години по успешниот бизнис со спортскиот центар, Алисон одлучува да продолжи со студиите од кои отстапила кога за прв пат станала мајка. Но, не само што продолжила со студирање туку се упишала на Харвард каде магистрира меѓународни односи.

Во исто време, значи со 11 деца, водење на спортски центар, студирање на Харвард – посетува и престижно американско музичко училиште кое прима само уникатни таленти – Џулијард.

Меѓутоа, ни тука не е крајот на нејзината сестраност. На Меѓународниот универзитет за вселената под спонзорство на НАСА во 2014-та година дипломира и сега предава за вселенско претприемништво помеѓу останатото и во седиштето на НАСА во Вашингтон. Нејзината теза за Американската вселенска политика е наградена и објавена во меѓународниот магазин за вселената наречен  ”Room”.

Алисон има и низа на хобија, меѓу кои најинтересното е летањето. Таа, имено, веќе 35 години има и дозвола за летање и управување со авиони.

“Секој ден го почнувам со помислата дека дента морам да направам барем три работи. Прво, се будам рано наутро и читам или слушам инспиративни текстови. За мене тоа е охрабрувачка книга или мотивациски видео од Јутјуб. Се обидувам да се освестам и добијам свежа перспектива

Второ, пијам здрав енергетски пијалак.

Трето, одам на трчање, без разлика на тоа какво е времето. Правам план за денот и упорно работам на тоа да го исполнам планот – иако знам дека со 11 деца сигурно ќе има некои промени. Се обидувам секоја ноќ да спијам седум до осум часа.

Мислам дека како жена можете да имате се. Само не можете да имате се во исто време. На пример, бев домаќинка 15 години пред да преминам во претприемачките води. По успешниот десетгодишен бизнис, одлучив да се вратам на факултет и да го завршам, а потоа да упишам мастер на Харвард. Гледам на својот живот како во поглавја. Нема секој тоа да го прави по овој редослед. Морате да го следите својот пат – своето срце’, вели Алисон.

А што би им порачала на сите жени кои сметаат дека не се доволно добри за бизнис успех?

“Вие сте новото тајно оружје! Способни сте за повеќе отколку што мислите. Паметни сте, вредни, убави, способни да работи повеќе работи одеднаш. Верувам дека за секој живот постои убав и единствен план, а ако го барате – ќе го најдете.

Тоа патување е забавно и низ него ќе сретнете прекрасни луѓе. Ова е најважната работа – клучните луѓе кои се наоѓаат на вашиот пат. Верувам дека чудата се во врските, во таа една личност која ви е драга и која дополнително ќе ве поттикнува за следното ниво и така ќе ви помогне да го постигнете сонот кој ви лежи на срце “, истакнува Алисон, која многумина ја нарекуваат уште и  “Жена Змеј”.

Прегледи:
241
Објавено на:
07.01.2017