Категории

Свадбената бајка на Сиара и Расел Вилсон

Популарната американска пеачка Сиара и спортистот Расел Вилсон запливаа во брачните води. Свечената церемонија се одржа во Пекфортонскиот замок во Чешир, Англија каде што 30 годишната пеачка и 27 годишниот спортист се заколнаа на вечна љубов.. На својот најсреќен ден популарната пеачка избра фустан од модната куќа Roberto Cavalli изработен од свила, чипка и рачно изработени детали специјално дизајнирана од нејзиниот драг пријател Питер Дандас, додека младоженецот носеше костум на Giorgio Armani. На церемонијата присуствуваа многу гости од светот на шоу бизнисот меѓу кои Кели Роланд, Џенифер Хадсон и Лала Антони..
Славниот пар ја започна својата врска во Април минатата година, а се верија во Март оваа година. Ова е прв брак на пеачката која има мал син со раперот Future со кого беше верена во Октомври 2013 година но ја раскина веридбата година потоа..

Погледнете ја бајковитата церемонија во замокот и како изгледаше интериерот за време на вечерта.. Парот изјави дека за време на церемонијата им било забрането на гостите да фотографираат поради зачувување на приватноста..

ciara-russell-wilson-super-romantic-wedding-all-the-details-from-their-fairy-tale-ceremony-ftr

Дизајнерот Michael Costello беше задолжен за дизајнот на фустаните на деверушите

ciara-bridesmaids-600x450

Пеачката Џенифер Хадсон сподели фотографии од нејзината тоалета за време на церемонијата.

Jennifer-Hudson-2-600x609 jennifer-hudson-600x800

Прегледи:
335
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
07.07.2016