Категории

Светскиот експерт Вдовински открива дали е можно да се повтори земјотресот од 1963-та

Светскиот експерт за земјотреси д-р Шимон Вдовински (Dr. Shimon Wdowinski) кој ја застапува теоријата за можната поврзаност помеѓу големите врнежи и земјотресите ја анализира состојбата во Македонија за порталот  енаука.

Вдовински е професор на интернационалниот универзитет Флорида и е автор на повеќе меѓународни трудови.

Пренесуваме дел од интервјуто за порталот енаука.

Професоре дали сметате дека постои поврзаност на поплавата што го погоди Скопје есента 1962 со земјотресот од летото 1963?

– Да, во секој случај тоа е интересна обсервација, мојата теорија за тоа дека поројните дождови може да бидат причина за земјотреси се однесува само на планинските региони на конвергенција на тектонски средини, каде две тектонски плочи се судираат.

Македонија се наоѓа баш во таква средина на конвергенција и како што можам да забележам епицентарот се наоѓа во релативно планинско подрачје.

Затоа е многу голема веројатноста да поплавата и ерозијата може да довеле до стрес во земјината кора предизвикувајќи катастрофален земјотрес.

Дали сметате дека е можно да се повтори земјотресот од 1963?

– Веројатноста дека истата аномалија или неправилност во земјината кора што го предизвикала земјотресот во 1963 да биде можна причина за нов сериозен земјотрес е многу мала.

Колкава е веројатноста Македонија да биде повторно мета на земјотрес од овој калибар?

– Според моите сознанија, повторувањето на голем земјотрес со слична јачина на тој од 1963 за регионот во кој се наоѓа и Македонија би се очекувал во интервали од неколку стотици години.

Меѓутоа бидејќи самото подрачје е такво и е дел од еден сложен систем на сегменти, можно е да постојат сегменти со слични аномалии и неправилности кои можат да се возбудат под дејство на стрес затоа потресите што сега ги чувствувате можно е да се дел од тој ист систем.

Прегледи:
359
Објавено на:
13.09.2016