Категории

Таа е жена и пол! 3 хороскопски знаци кои се најдобри сопруги!

Не постои нешто што неможе да го направи за човекот што го сака и нејзината љубов е безусловна

Среќата на партнерот е важна за неа во секој момент. Понекогаш таа има тенденција да драматизира за тривијални работи, но тоа не е ништо во споредба со љубовта што сака да ја подари. Таа е привлечена од идејата за топол семеен дом во кој добрата храна игра важна улога.

Според астрологијата, жените родени во овие 3 хороскопски знаци се најдобри партнерки за брачна заедница.

 

  1. Рак

Ракот не знае да сака половично и негува интензивни чувства кон партнерот. Не постои нешто што неможе да го направи за човекот што го сака и нејзината љубов е безусловна. Среќата на партнерот е важна за неа во секој момент. Понекогаш таа има тенденција да драматизира за тривијални работи, но тоа не е ништо во споредба со љубовта што сака да ја подари. Таа е привлечена од идејата за топол семеен дом во кој добрата храна игра важна улога.

Ракот најчесто е голем љубител на храна, готви одлично, а особено сака да готви за другите. Таа ќе биде посветена мајка на која децата секогаш и се на прво место, а од човек на нејзиниот живот очекува само љубов и искреност.

 

  1. Овен

Мажите едноставно паѓаат на колена пред темпераментната, бестрашна и смела жена родена во знакот Овен. Таа е силна, и тоа е токму она што ја прави одличен животен придружник. Најмногу ги сакаат мажите кои обожаваат силни и храбри жени. Таа е секогаш подготвена за компромис, дава многу, но исто така очекува многу од партнерот кој честопати станува со неа поодговорен и благодарение на нејзината поддршка се чувствува способен да постигне се што замислува.

 

Стои цврсто на земја, реална е во љубовта и тешко е да се освои. Таа е строга мајка и со своите методи ги преобразува децата во победници и лидери. Очекува силен карактер и решителност од партнерот.

 

  1. Лав

Горда и страствена, на жената родена во знакот на Лав и е потребен партнер кој може да и парира во сè, но особено во силата. Таа не паѓа на било каков маж и не и треба премногу труд околу заведување, сите ги привлекува со нејзиниот вроден шарм.

Можеби понекогаш е премногу фокусирана на себе, но пред сè е лојална партнерка која сака несебично. Таа ќе се бори за себе и за партнерот како вистинска лавица и ќе биде подеднакво заштитнички настроена и за своите деца.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
479
Ознаки:
· ·
Објавено на:
05.10.2019