Категории

Тајга ја побарал осум години помладата Кајли за жена?!

Раперот Тајга и Кајли Џенер решија да и дадат шанса на љубовта по стотти пат. Иако прекинуваа повеќе пати, па беа гледани со други, раперот и осум години помладата припадничка на кланот Кардашијан-Џенер, се повторно заедно.

Тоа го покажаа и со фотографии на Инстаграм, на кои се бакнуваат и гушкаат, а една од последните фотки кои ги објави 18 годишната Кајли на Инстаграм предизвика многу гласини.

Имено, на фотографијата се гледа дека Кајли на “оној” прст носи голем дијамантски прстен, додека се смешка пред камерата.

Неколку дена претходно, 26 годишниот рапер бил фотографиран како пазари во една продавница за накит во Калабас, а оттаму излегол со прилично голема ќеса, па нема сомнеж од кого е подарокот.

2

Покрај тоа, неколку дена претходно Кајли објави заедничка фотографија од една забава, под која напиша “господин и госпоѓа”. На неа таа се потпира на ногата од раперот, во тесен портокалов фустан, кој ја истакна нејзината секси фигура. Но, неколку моменти подоцна фотката беше избришана.

Само за потсетување, парот ја призна врската во 2015 година, после нејзиниот 18-ти роденден, но и пред тоа не се одвојуваа еденод друг, па никој не може со сигурност да каже од кога трае нивната љубов.

3

Во 2014 година раперот ја раскина свршувачката со старлетата Блек Чајна, која моментално очекува дете со полубратот на Кајли, Роб Кардашијан, со кој планира и свадба.

4

Прегледи:
424
Објавено на:
11.07.2016