Овие нешта во врска со посетувањето на фризер би било добро да ги знаете и да ги имате на ум иако никој фризер не би ви ги кажал отворено.
Избегнувајте посета на фризер во петок навечер и сабота наутро. Сабота наутро сеуште постојат гужви поради разни свечености и фризерот нема да има доволно време да ви се посвети вам, петок навечер се сите уморни па немојте да се изненадите ако е и вашиот фризер.
Фризерскиот салон посетувајте го во почетокот на неделата (вторник или среда) кога вашиот фризер е одморен и полн со нови и добри идеи.
Доколку сакате некоја значајна промена обавезно однесете слика каква фризура сакате. Со зборовите тешко ќе опишете што точно сакате и многу лесно може да се дојде до недоразбирање и тоа веројатно нема да биде во ваша корист.
Закажете се навреме. Немојте да се јавувате во последен миг и да очекувате дека ќе има доволно време да ви се посвети вам. Најдобро закажете се една недела унапред со цел да го договорите терминот кој вам ви одговара.
Немојте да доцните. Доцнењето го иритира секој фризер. Не само што на тој начин покажувате непочитување и безобзирност спрема нивното време туку и автоматски им го поместувате сиот распоред и сигурно нема доволно да ви се посвети на вашата фризура како кога би дошле неколку минути порано.
Оставете бакшиж. Доколку имате добар фризер и сте задоволни од неговите услуги, немојте да заборавите да оставите бакшиж.
Немојте да зборувате во центиментри колку сакате да ја скратите косата. Најдобро покажете со рака колку сакате да се скратат врвовите со цел да избегнете недоразбирање.
Доколку сте очајни и се јавувате во последен миг – бидете искрени. Отворено кажете му дека потполно сте заборавиле на време да се закажете и заборавете на некои неуверливи изговори.