Иако во денешно време тетоважите стануваат сѐ поприфатливи и речиси не постои човек кој се нема истетовирано, сепак некои луѓе сметаат дека цртањето на телото изгледа невкусно. Доколку сакате да се занимавате со посериозна професија, како што е работа во фирма каде постојано би имале контакт со клиенти и странки, можеби подобро е да не се тетовирате на видливи места, бидејќи не знаете на какви луѓе и предрасуди ќе налетате.
Нормално дека секој има право на слободно изразување, но веројатно би сакале да одбегнете непотребни конфликти со шефот, па дури и добивање отказ од работа. Тоа не значи дека треба да се откажете од вашата љубов кон тетоважите. Постои начин да ја искажете, но подискретно. Погледнете ги следниве 7 уникатни и дискретни места на телото на кои можете да истетовирате, без притоа вашата тетоважа да „боде“ очи некому…
1. Под пазуви
Нема потајно и подискретно место од вашите пазуви. Освен тоа, бидејќи тетоважата постојано ќе биде заштитена од сонце, боите нема да избледат веднаш. Единствената негативна страна е тоа што пазувите се едни од најболните места за тетовирање.
2. Во внатрешноста на усните
Тетовирањето на внатрешната страна на усните не е за луѓе со слабо срце. Овие тетоважи не траат долго поради плунката, но доколку сакате да постигнете ефект на изненадување и шок, ова место е дефинитивно за вас.
3. На задник
Тетоважите на задникот обично се сметаат за невкусни и вулгарни, но тоа не мора да биде така. Тие можат да изгледаат навистина слатко и дискретно, ако го одберете вистинскиот дизајн. Освен тоа среќниците што ќе добијат можност да ви го видат задникот ќе наидат на пријатно изненадување.
4. Внатрешната страна на прстот
Малите тетоважи на внатрешната страна на прстот се многу модерни во последно време. Овие тетоважи се едноставни и минијатурни, така што ако сте љубители на минимализмот, тие се совршени за вас. Не заборавајте само дека тетоважите на дланките и прстите бараат постојана заштита од сонце и многу грижа за да не избледат брзо.
5. Под гради
Тетовирањето под градите може да биде болно и непријатно, така што доколку се решите за тетоважа на ова место, одберете тату артист кому му верувате. Нема да можете да носите градник додека не заздрави тетоважата, но потоа ќе имате прекрасна, уникатна и дискретна тетоважа што ќе биде вистински одраз на вашата оригиналност.
6. На стапала
Она што треба да го знаете е дека тетовирањето на стапалата е многу болно. Генерално, тетоважите на деловите од телото со помалку маснотии се поболни. Стапалата се речиси целите од коски, така што можете да замислите за каква болка станува збор. Сепак, доколку сакате да ја скриете тетоважата, стапалата се добра одлука, но во зависност од тоа какви обувки носите.
7. На задната страна од вратот
Тетоважите на задната страна од вратот се навистина неодоливи. Но, ако сакате ја криете тетоважата, ќе мора да внимавате на вашата фризура. Доколку немате проблем со тоа да имате долга коса што секогаш ќе ја носите пуштена на работа, тогаш тетоважите на ова место од телото се совршени за вас.