Категории

Тајни за убавина од вашата кујна

 

Киви против брчки
Ако сакате да имате еластична кожа без брчки, маската од киви е најдобар избор. Високата содржина на витамиц Ц, ја поттикнува регенерацијата на кожата, па оваа маска се препорачува да се прави еднаш до два пати месечно после 25-тата година.
Начин на припрема:
Излупете една кива и изгмечете ја со вилушка, вишокот вода исцедете го и додадете го во сад со лажица мед. Нанесете ја маската на лицето и сотавете 20 минути, исплакнете со млада вода.

 

Банана против умор
Ако работите во загушлива просторија, пушите и сте хронично ненаспани, барем еднаш во недела нанесете маска за лице од банана. Познато е дека бананите се богати со калциум и минерали кои на кожата и даваат свеж изглед. Истовремено ќе го решите и проблемот со натечените очи.
Начин на припрема:
Изгмечете една банана со вилушка и добиеното пире нанесете го на лицето. Оставете ја маската да делува 15-20 минути, и отстранете со помош на меко сунѓерче за лице и млака вода.

Јајца за мини-лифтинг
Ако ви е потребна маска за затегнување на кожата, најдобро решение се јајцата. Содржат албумин – супстанција богата со аминокиселини кои го затегнуваат површинскиот слој на кожата.
Начин на припрема:
За да ги отстраните ситните брчки, да ги затворите порите и да го затегнете лицето, изматете две жолчки во сад и додадете една лажица шеќер. Нанесете на лицето и оставете да делува 15 минути. Отстранете со влажно сунѓерче за лице со нежни потези.

Прегледи:
296
Објавено на:
21.03.2017