Категории

Тајниот напиток на кралицата Елизабета за долговечност

Со години се пишуваше дека тајната на долговечноста на кралицата Елизабета е всушност во пијалокот! Кралицата Елизабета ќе го прослави својот 95-ти роденден на 21 април, и сè уште е исклучително витална. Според некои експерти, кралицата ја должи оваа виталност на едноставниот коктел што го пие со години.

Одамна е познато дека џин е еден од нејзините омилени алкохолни пијалоци, а коктелот, за кој велат дека го консумира секој ден, наводно се прави со џин. Тоа е комбинација од џин и слатко ароматизирано вино, а точната количина за правење на овој коктел, како што пишува магазинот „Пипл“, ја открил Пол Вјјкран, кој секој ден го подготвува овој пијалок за кралицата.

„За една чаша коктел ви требаат 50 мл вино и 25 мл џин. Додадете алкохол и неколку коцки мраз во шејкерот за коктели, а потоа добро промешајте додека течностите не се соединат целосно. Конечно, парче лимон се додава во чашата мартини во која се служи овој пијалок, а пијалокот се послужува ладен“ – опиша Пол.

Прегледи:
861
Објавено на:
31.03.2021