Категории

Тајните на безвременската убавина на Џеки Кенеди

И покрај тоа што веќе 50 години како ја нема во Белата куќа, Џеки Кенеди и ден-денес остана една од најценетите амерички модни икони. Но сигурно не ги знаете тајните за нејзиниот беспрекорен, отмен и егегалнтен изглед. Ние ви ги откриваме најважните правика на кои Џеки О се придржувала кога била во прашање нејзината кожа и начинот на шминкање.

1. Сапунот од Мртво море
Како вистинска светска жена која поголемиот дел од животот го поминувала во патување, таа имала своја тајна како да го одржи беспрекорно чисто, а тајната била токму во сапунот за лице со состојки од калта од Мртвото море. Овој сапун истовремено служел и како благ пилинг на лицето, а неговиот состав богат со минерали, кациум, кал и магнезиум, и помагале на кожата да остане цврста, затегната и блескава.

 

 

 

2. Парфем како заштитен знак
Џеки била вљубеничка во ориентално цветните парфеми. Нејзин омилен парфем бил “Lovely Paculi 55” од луксузната француска парфимарија House of Krigler основана во 1879 година. Сензуалниот парфем со ноти на килибар, бергамонт, пачули и кожа бил нејзиниот заштитен знак.

3. Совршени веѓи
Најпознатата Прва дама на сите времиња обожавала природни и густи веѓи. Таа понекогаш ги пополнувала со помош на молив за веѓи една нијанса посветол од нивната природна боја, бидејќи таа била перфекционист и не сакала кога не биле совршено средени.

4. Одмор од шминката
Дури и совршената Прва знаела да земе пауза од шминката. Кога нејзината коса „одбивала да соработува“, таа ја замотувала во свилен шал и изгледала неверојатно отмено. Ако немате време за шминкање, посегнете по големи очила за сонце да ги покриете подочниците, и ќе изгледате како славна дива.

5. Инвестирајте во луксузен крем за лице
Едно од нејзините најважни правила кое секогаш го споменувала е дека кожата заслужува луксуз и никогаш е смеете да бидете скржави за неа. Поради нејзината лоша навика – пушењето кое доста се одразувало на нејзиното лице, Џеки го користела кремот за лице Phormula 3-9 Repair Cream од козметичкиот бренд Erno Lazlo кој придонесувал нејзината кожа да изгледа младо, свежо и блескаво и истовремено ја штител од слободните радикали и оксидациониот стрес.

6. Ружот како главен адут
Џеки никогаш не избегнувала да нанесе руж на образите. Секогаш внимавала тој да е во суптилна нежно розова нијанса како и нејзиниот кармин, во чиј склоп ги одбирала и своите фустани.

7. Масло за оштетените врвови 
Џеки секогаш вниматено се грижела за својата коса и ја негувала со посебни масла со цел да и ја даде потребната хидратација. Таа особено го обожавала маслото од лаванда за негување на оштетените врвови.

 

Прегледи:
288
Објавено на:
23.03.2017