Категории

ТАЈНИТЕ НА ЖЕНСКИОТ ОРГАЗАМ

Многу истражувања се обидуваат да ги откријат тајните на женскиот оргазам. Меѓутоа, тоа и понатаму претставува мистерија. Иако голем број на експерти работеле на темата „женски оргазам“ научниците сметаат дека женското сексуално задоволство е преполно со тајни, кои не се во состојба да ги разрешат. Меѓутоа, беа откриени некои сознанија, како способноста на жената да го достигне „врвот“ повеќе пати во текот на еден сексуален чин, а научниците неодамна открија и уште поинтересни факти:

Полов орган – мозок

Научниците забележале дека „целиот оргазам“ кај жените се одвива во мозокот, а сите останати делови само реагираат на неговите наредби. Неколку истражувања покажале дека за време на оргазмот, кај жената реагираат деловите од мозокот кои се поврзани со емоциите. Тоа значи дека за жените е многу важно да бидат ослободени од било какви емотивни бариери (како на пример стравот), за да би можеле вистински да уживаат во сексот.

Моќта на допирот

Истражувањата покажуваат дека допирот игра голема улога во сексуалното возбудување, но и во оргазмот како кај мажите, така и кај жените. Забележано е дека жените на кои им недостасуваат допири за време на сексот, поретко или воопшто не доживуваат оргазам. Доколку мажот не ја допира својата партнерка онака како што таа би сакала, големи се шансите таа да не го почувствува „врвното“ задоволство. За жените, со самиот чин, се потребни емоции за да би доживеале оргазам, а нежните допири се најдобра можна емотивна поврзаност.

Мисионерска поза

Секоја чест на разните пози, но за женскиот оргазам секогаш една е најефикасна, а тоа е мисионерската. Многумина ја нарекуваат досадна, бидејќи веќе илјада пати е видена, но докажано е дека жените најлесно доживуваат оргазам токму во оваа поза. Таканаречената мисионерска поза, каде патнерот лежи врз партнерката, додека таа го „обвиткува“ со нејзините нозе, дава поголем притисок врз клиторисот и ја стимулира Г-точката. Препорачлива е и позата во која жената седи врз мажот, бидејќи така самата ќе може да го стимулира клиторисот.

Повеќекратен оргазам

Постои една работа со која природата ја наградила само жената, а тоа е – повеќекратниот оргазам. До него не е лесно да се дојде, но патот до него не е ниту премногу тежок. Жените кои имаат поголема самодоверба, полесно доаѓаат до повеќекратниот „врв“, додека ситуацијата кај посрамежливите девојки е целосно спротивна. Добра вежба за повеќекратен оргазам е мастурбацијата. Прифатете го своето тело, а потоа препуштете се на огнените игри со вашиот партнер.

Температура

Авторката на книгата за сексуалните задоволства Хилда Хачерсон, препорачува на жените да го загреат телото пред интимните односи, бидејќи топлината доведува до подобар оргазам. Најдобро е да се препуштите на уживањето после топла бања. Тоа ќе го поттикне протокот на крвта во телото и вагината, која, после ова, ќе биде повлажна.

Прегледи:
850
Објавено на:
11.07.2018