Категории

Тајните ритуали со кои кинескињите ја негуваат својата убавина и младоликост

Какво вежбање помага во регулацијата на гладот? Правилно дишење.. Прочитајте

Азиските жени отсекогаш важеле за жените кои не стареат и имаат совршена килажа во текот на целиот живот. Но која е нивната тајна, што всушност прават за да изгледаат толку совршено?

Можеби е во прашање генетиката или едноставно начинот на кој живеат?
-Не. Суштината е слушањето и сакањето на сопственото тело кое ќе ви возврати на најдобар можен начин а тоа е здрав и убав изглед каков што сите посакуваме.

Ако сакате да се чувствувате добро и да го одржувате вашиот изглед во беспрекорна состојба и да останете вечно млади, ова се нивните тајни.

Исхраната е најважна, особено појадокот
Некои жени вежбаат премногу и поради тоа изгледаат „огромно“. Тоа се случува дури и ако јадат здраво затоа што им се потребни големи порции храна. После напорниот тренинг, логично е дека ќе посегнете по доста храна и потоа ќе ви се приспие. А што всушност се случува тука?
Истовремено се градат мускули и се насобира сало.
Појадокот е доста важен, на почетокот на денот тие внесуваат обилна здрава храна која се состои од овошје и зеленчук која ќе им овозможи да останат сити подолго време и ќе ја зголеми енергијата потребна за тренингот, така после него нема да чувствуваат потреба да посегнат по нешто масно и нездраво.

Топлината е живот
Енергијата од храната е еден од најпопуларните правци во западната гастрономија која е базирана на принципот: топлината е живот. Храната е енергија која ја конзумираме за да можеме да преживееме. Летното овошје и зеленчук помагаат на телото да се адаптира на топлината. Зимската храна содржи повеќе калории, со цел нашето тело да одржува топлина во текот на студената сезона.

Исхрана и вежбање
Многу нутриционисти препорачуваат конзумирање на сирово овошје и зеленчук. Тука нема сомнеж дека таа храна е здрава но на тој начин нашето тело се лади. Поради тоа потребно е да јадете нешто повеќе за да се загреете.Не заборавајте да го готвите зеленчукот. Можеби нема да ја содржи истата количина витамини, но вашето тело секако ќе добие поголема енергија и топлина.

Конзумирањето течности со оброците не е здраво
Јапонците никогаш не пијат додека јадат. Прво течноста го лади телото а лошо е и за варењето. Научниците објаснуваат дека водата ја неутрализира стомачната киселина која го поттикнува варењето. Како резултат, телото бара повеќе енергија за да го заврши процесот и тоа е причината поради која повторно ни се јаде.

Топлата купка го продолжува животот
После топлата купка секогаш се чувствуваме смирено, мускулите ни се опуштени и циркулацијата природно се поправува. Релаксирајќи се макар еднаш неделно во топла купка, вашата кожа ќе стане поцврста а варењето многу подобро.