Рускиот модел Ирина Шајк се смета за една од најубавите жени на денешницата. И покрај што тоа се должи на одличните гени, таа откри дека постојат и неколку тајни во нејзината секојдневна рутина кои и помагаат да го одржи своето тело витко како и кожата мазна и блескава.
Пресната мајка на малата Леа изјави дека е голем гурман и обожава секаква храна а особено брза. “Обожавам помфрит, тој е мојата слабост, но секогаш после порцијата тоа го трошам во теретана и внимавам што јадам во остатокот од неделата. Не можете да изеде 5 парчиња торта седејќи пред телевизор и да очекувате да бидете убави и витки..”
Таа вели дека вежбањето не мора секогаш да биде мачно и здодевно “Правете вежби кои ви се забавни, скокајте на јаже, вежбајте аеробик или едноставно танцувајте на вашата омилена песна, тоа го правам и јас и е одлично”.
“Што се однесува до негата на лицето и кожата водам особена грижа за неа. Поради тоа што живеам во Њујорк, како еден од најпрометните градови во светот воздухот е прилично загаден, па секогаш кога излегувам од дома користам крем за заштита од штетни честички а лицето го пијам три пати дневно притоа користејќи пилинг и тоник.”
“Користам доста природни состојки како на пример шминката ја отстранувам со кокосово масло, и секако после него соодветен гел за дополнително чистење на кожата.”
“Една од моите најголеми тајни за убавина е сауната. Како традиционален руски третман навикната сум да ја посетувам 1-2 неделно, тоа е најдобриот лек за кожата бидејќи ги отвора порите и ги отстранува сите нечистотии од нив.”
Ирина откри дека исто така обожава сирова храна, а исто така е и голем обожавател на тестенини.