Напишани се многу редови за познатата бугарска пророчица Вангелија, попозната како Баба Ванѓа, па дури е снимена и серија. Покрај тоа што остави зад себе бројни пророштва, таа често споделуваше совети.
Таа веруваше дека одредени ритуали можат да донесат среќа и благосостојба во вашиот дом. И еве ги оние:
1. Секогаш јадете и пиете од цели и недопрени чинии и чаши, така ќе одржувате добра енергија и среќа во вашиот дом.
2. За да спречите среќа и благосостојба да го напуштат вашиот дом, ставете неколку метални парови во осамен агол.
3. Ставете гранки над влезната врата и тоа ќе ве заштити од негативни работи.
4. Дајте кори од леб и трошки што ќе ви останат од ручекот или вечерата на птиците – така среќата ќе влезе во вашиот дом.
5. Никогаш не се фалете со својата среќа и особено не правете го тоа пред странец. Нивната љубомора може да му наштети на вашиот живот.
6. Не чувајте скршено или испукано огледало во куќата. Ви ја одзема среќата. На тој предмет не му е место во вашиот дом.
7. Носете пари во паричникот – никогаш не ги туткајте во џебовите. Тоа ќе ви помогне да постигнете благосостојба.