Категории

Тајзи со две нови песни и настап во најдобриот клуб во источна Европа

Изминатиот викенд, Тајзи за првпат имаше настап во белградскиот клуб The Bank.

Клубот е прогласен за најдобар клуб во источна Европа, престижна награда која ја добива по трет пат од светската организација World Finest Clubs. Пред српската публика, Тајзи за првпат ја испеа „La bonboniera“, песна за која периодов ќе се снима и спот, а е во продукција на Балкатон. Покрај песната на српски јазик, пејачот подготвува и една на македонски, насловена како „Гори“.